Македонија

Издвоени 2 милиони евра за патот Тетово-Призрен

Заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи, нагласи дека овој пат е од големо значење од економска перспектива, но и од туристичка гледна точка

 

Заменик-министерот за транспорт, Калтрина Зеколи, објави во емисијата Click Plus на TV21 дека се издвоени 2 милиони евра за патот Тетово-Призрен.

Зеколи нагласи дека овој пат е од големо значење од економска перспектива, но и од туристичка гледна точка.

„Патот Тетово-Призрен е многу важен од економска перспектива. Одржавме многу состаноци, Косово е понапред, на почетокот на мојот мандат наидовме на меморандум за соработка меѓу двете влади, но не се помести ниту еден чекор во рамките на меморандумот. Успеавме да ја поминеме фазата на проектна задача.

За овој проект, во буџетот на Јавното претпријатие „Државни патишта“ се издвоени 2 милиони евра за отворање на тендерот за главниот проект“, изјави Калтрина Зеколи – заменик-министер за транспорт.

Зеколи спомена и друг инфраструктурен проект, Коридор 8.

Таа рече дека Коридорот 8 треба да биде завршен во 2029 година.

Меѓу другото, Зеколи рече дека проектот надминува 1 милијарда евра, додавајќи дека 600 милиони евра се искористени во делницата Кичево-Охрид.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со честитка за 24 Мај: Кирил и Методиј се темел на духовниот идентитет на македонскиот народ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, славата и просветителите на словенските народи.

Димитриеска-Кочоска го повика СДСМ на средба: Економијата се мери со бројки, а не со паника

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, го повика економскиот тим на СДСМ на отворена средба во Министерството за финансии, при што остро ја обвини опозицијата дека шири „паника, невистини и политички конструкции“ за економската состојба во земјата.

To top