Столе Димитриевски ја спаси Валенсија од неочекувана елиминација во шпанскиот Куп на кралот со одбранет пенал во финишот од продолженијата кај третолигашот Картахена, по што неговиот тим постигна гол за победа од 2:1 и пласман во 1/16-финалето.
Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија при резултат 1:1 во 119. минута го одбрани ударот од белата точка на Аргентинецот Пабло де Бласис, а две минути подоцна Хесус Васкез ги одведе гостите во следната рунда.
Македонскиот чувар на мрежата, кој брани само во Купот, забележа вкупно три успешни интервенции и беше трет најдобро оценет играч на средбата со оценка 7,4.
🧤 DIMITRIEVSKI se hace GIGANTE y para el penalti!!! pic.twitter.com/QAdTUbX6KY
— ESPORTBASE Media (@esportbase) December 4, 2025