Македонија

Бугарскиот фашистички окупатор мртва ја масакрирал Невена Георгиева-Дуња (17) и главата на кол ѝ ја носел низ Велешко, за да го заплаши востанатиот македонски народ

Во декември 1942 година Невена Георгиева – Дуња, македонската револуционерка, организатор и учесник во оруженото востание во Македонија од 1941 година, херојски ја положува својата неодживеана младост во темелите на македонската држава, загинувајќи на 17 години во борбата со бугарските фашистички окупатори. Но не била прогласена како народен херој и со тоа ѝ била нанесена несфатлива историска неправда.

На 25 јули 1925 година во Скопје е родена на Невена Георгиева – Дуња, македонската револуционерка, организатор и учесник во оруженото востание во Македонија од 1941 година. На 16 години била најмлада во Првиот скопски одред и прва жена во партизанските одреди на Македонија. Како многу мала останала без мајка си и така од најраните години ги осознала сите тешкотии на животот. За да заработи за живот, покрај учењето, таа се занимавала и со шиење. Меѓу двете светски војни станала припадничка на младинското, синдикалното и работничкото движење. Со своите 16 години од 1941 година како младинска активистка учествува во подготовките за оружено востание во Македонија. Како скоевка уште во 1941 година растурала летоци, а за да не биде фатена од окупаторската полиција, ги криела меѓу шиените фустани. Но, непријателот ја забележал нејзината активност, па морала да замине во илегалство.

Георгиева почнала со револуционерната дејност како членка на СКОЈ и на 16 години му се придружува на Првиот скопски партизански одред како еден од неговите први 12-мина припадници. Покрај скопскиот, учествувала во формирањето на уште два партизански одреда, велешкиот и струмичкиот, одејќи пешки низ Македонија, за да го мотивира народот да се придружи на борбата. Станува непријател број еден за бугарските окупациски власти, поради нејзините активности: тие во отсуство ја осудиле на седум години затвор, а нејзината глава ја уцениле на 4 илјади лева. Во септември 1942 година станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.

Во 1942 година на 17-годишна возраст загинува македонската партизанка Невена Георгиева – Дуња во борбата со бугарските фашисти за слободата на Македонија. Партизанскиот одред „Димитар Влахов“ бил нападнат од бугарската окупаторска полиција. Невена Георгиева – Дуња, која се борела  во првите борбени редови на овој одред, била смртно погодена од фашистички рафал. Има две верзии за датумот и местото на загинувањето на Дуња. Едната е дека тоа се случило кај Папрадиште, Велешко на 6 декември 1942 година, а во другата верзија, како што стои и на повеќе спомен-обележја, дека таа загинала на 16 декември кај селото Нежилово, Велешко.

Кога бил нападнат одредот започнала жестока битка, во која непријателот бил многу поброен. Неколку партизани заедно со Дуња ја бранеле нивната позиција. Пo неколкучасовна борба херојски загинала од фашистички рафал. Така згаснал животот на оваа смела Македонка, која останала светол пример како девојка–македонски патриот. Иако веќе била мртва, бугарскиот фашистички окупатор го масакрирал нејзиното безживотно тело. Ѝ ја отсекле главата и набиена на кол ја шетале низ велешките села, за да го заплашат востанатиот македонски народ. Заради страв на граѓаните на Велес нејзината глава ја ставиле во еден централен излог во градот.

Во чест на Невена Георгиева се испеани неколку песни од НОВ, меѓу кои се и песните „По поле одат аргати“ и „Пуста останала таја контра чета“. Во скопскиот Жена-парк постои спомен-обележје посветено на Дуња. Била поставена нејзина биста во 1978 година и во Студентскиот дом во Скопје, што го носи нејзиното име. Во 2014 година нејзината биста во дворот на студентскиот дом била уништена, а во 2016 била украдена и нејзината биста во основното училиште во Кисела Вода. Во 2013 година е откриена нејзина спомен-плоча и во велешко Нежилово, соседно на Папрадиште.

Извор: Википедија„Македонска нација“

 

 

Најнови вести од: Македонија

Египќаните во Македонија се оградуваат од Рубин Земон: Со негатори на македонскиот народ не би се сретнале, а камоли да пиеме кафе!

Припадниците на посебната и автохтона етничка заедница Египќани во Македонија се оградуваат од ставовите и постапките на Рубин Земон, бидејќи, како што велат тие се лично негови.

Кекеновски: СДСМ и Филипче паничат и хистеризираат, оти правдата им тропа на врата! Судиите и обвинителите мора да го казнат криминалот и башибозукот на арамиите!

„До кога СДСМ ќе размислува, дејствува и ќе реагира на ваков начин како што реагира цело време откако Филипче е на чело на партијата? Секогаш кога ќе се отвори прашањето за криминал, корупција и барања судиите и обвинителите професионално, одговорно и согласно законот да си ја вршат работата, веднаш почнуваат приказните за „притисок врз обвинителството“ и „загрозена независност на судството“.Целата оваа нервоза и паника што јавно ја демонстрираат СДСМ и Филипче секогаш кога ќе се повикаат судиите и обвинителите на совесно работење и да не потпаѓаат под политички влијанија, најверојатно е резултат на стравот дека правдата конечно може да стигне и до нив!“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна, која ја објави информативниот портал „Курир“.

ВМРО ДПМНЕ: За Филипче „Бугари во Устав“ е единствен проблем со Бугарија, но по тоа би уследила промена на сета историја на Македонија и негирање на македонскиот јазик!

„Само Венко Филипче, специјалниот пратеник на Румен Радев во Македонија, слепо верува на неговите политики дека уставните измени се последната пречка за нашиот влез во ЕУ. Но, уставните измени не се последната пречка, ниту се последно барање на Бугарија.“ – реагира жестоко ВМРО ДПМНЕ.

To top