Македонија

Горан Ангелов Ќосето доби слобода и излезе од затвор

Ангелов за порталот МКД ја потврдил информацијата, посочувајќи дека добил условен отпуст, откако одлежал две третини од казната, односно 8 од вкупно 11 години

Горан Ангелов Ќосето по цели 8 години минати зад решетки за 27 април, доби слобода.

Тој за МКД.мк ја потврди информацијата и вели дека добил условен отпус, откако одлежал две третини од казната, односно 8 од вкупно 11 години.

Поради низа здравствени проблеми тој неколку пати добиваше прекин на издржување на затворската казна, па повторно беше враќан зад решетки.

Тој е првиот што доби условен отпус од оваа постапка за која сите обвинети тврдеа дека е политички монтиран процес.

Поради низа здравствени проблеми, тој неколку пати добиваше прекин на издржување на затворската казна, па повторно беше враќан зад решетки.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Техновејшн ЈИЕ 2026: Вистинската трансформација започнува кога ќе се осмелиме да го менуваме и она во што сме успешни

Суштинската трансформација на една компанија не започнува кога стариот модел на работење ќе престане да функционира, туку кога таа е подготвена да го преиспита моделот врз кој веќе го изградила својот успех

„РОЗОВ ОКТОМВРИ“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ – ЗАЕДНО ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКАТА

Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје

To top