Македонија

Судската администрација можно е да излезе на улица од вторник, капак на се – последната одлука

Проблемите како да не стивнуваат во овој сектор. Дополнително судската администрација се соочува и со недостиг на кадар. Деаноски додаде и дека со години наназад имаат неуспешни огласи за вработување пред се заради почетната плата на вработените која е 25.000 денари. Деаноски е револтиран поради тоа што според него ниту една влада досега не успеала да ги слушне проблемите на вработените во овој сектор.

Од вторник судската администрација размислува за прекин на работата во одредени судови. Од УПОЗ за Телма велат дека револтот кај оваа категорија вработени настанал откако парите од судскиот буџет наместо за додатоци на плати за судската администрација, се трошат за тужби поднесени од судии, пренесе Телма.

  • „Револт во судовите има веќе извесен период и големо незадоволство кај покачување на плати и исплата на додатоци по плата. Уште повеќе има револт поради тоа што сите пари од судскиот буџет се одливаат на исплата на неосновани тужби на судиите кои, иако се функционери, тужат за исплата на регрес на годишен одмор по колективни договори потпишани од синдикатите кои не важат за функционери, важат само за работници. И сега најново по тужби исплата на средства по тужби за спогодби во кои што судиите имаат потпишано дека нема да тужат. А најновото е дека во одлуката на судскиот буџетски совет за исплата на јубилејни награди на судии, одлагање на барање од исплата на јубилејни награди за вработените”, изјави председателот на УПОЗ, Трпе Деаноски за Телма.  

Поради сите овие проблеми додава дека нема доволно финансиски средства во судскиот буџетски совет. Не е донесена ниту одлуката за исплата на додатоци на плата која е предвидена за крај на оваа година и треба да биде исплатена кон судската служба.

  • „Оваа последна одлука ја прели чашата, незадоволството е многу големо моментално во сите судови. Нашите колеги и членови на синдикатот се јавија уште во петокот, веднаш донесување на одлуката, дека се спремни да прекинат со работа почнувајќи од вторник”, додава Деаноски.

Како би се одвивал овој прекин Деаноски нема конкретни информации, но посочи дека како синдикат ќе застанат на страната на вработените во судската администрација. Евентуалниот штрајк на работата на вработените би значело одложување на дел од судските процеси.

Проблемите како да не стивнуваат во овој сектор. Дополнително судската администрација се соочува и со недостиг на кадар. Деаноски додаде и дека со години наназад имаат неуспешни огласи за вработување пред се заради почетната плата на вработените која е 25.000 денари.

Ова не е првпат да има прекини на работата во судовите. Во минатото, во неколку наврати, се случуваше судската администрација да не работи. Од УПОЗ посочуваат дека нивните протести биле најдолги. Во 2016 година, штрајковите траеја околу три месеци и исто толку во 2023 година во обвинителствата.

Најнови вести од: Македонија

Казината подалеку од училиштата – Законот за игри на среќа на јавна дебата во Собрание

Предлог законот предвидува во иднина казината да не смеат да бидат лоцирани во близина од најмалку 500 метри до училиштата, како и забрани за нивно рекламирање особено дека со нив се постигнува финансиски успех или пак кое е посебно насочено кон малолетни лица да се вклучат во игрите на среќа.

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското Море

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот 10 што се наоѓа во морскиот дел на Кипарискиот Залив, во јужниот дел на Јонското Море во Грција. Согласно договорот, Chevron ќе стекне 70% удел во концесијата и ќе ја преземе улогата на оператор, додека HELLENiQ ENERGY ќе задржи 30% од сопственичкиот удел.

Промовирана иницијативата за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет и традиција. Пред претставниците на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис секторот, како и во присуство на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер […]

To top