Свет

Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија (ВИДЕО)

Според полицијата, се верува дека меѓу загинатите се 14 членови на персоналот на клубот

 

Во катастрофален пожар што зафати ноќен клуб во Гоа, популарна туристичка дестинација на западниот брег на Индија, во саботата навечер загинааа најмалку 25 лица меѓу кои и странски туристи.

Седум други се повредени, од кои еден е во критична состојба. Се сомнева дека причина за пожарот била експлозија ма плинска боца, објавува CNN.

Според полицијата, се верува дека меѓу загинатите се 14 членови на персоналот на клубот. Националностите на загинатите туристи сè уште не се официјално потврдени.

Повредените се однесени во Медицинскиот колеџ и болницата во Гоа, а едно лице претрпе изгореници на 60 проценти од телото.

Некои од жртвите подлегнаа на тешки изгореници, додека други се задушија од чад.

Гоа, мала држава позната по своите плажи и португалско наследство, привлекува стотици илјади странски туристи секоја година.

Индискиот премиер Нарендра Моди вети дека неговата канцеларија ќе понуди отштета од до 200.000 рупии (околу 2.200 долари) за семејствата на загинатите и 50.000 рупии (околу 556 долари) за повредените.

 

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top