Македонија

Меџити: Демократско право е протестот за поддршка на поранешните водачи на УЧК

„Ние го сметаме протестот за демократска вредност, а ОВК е наша национална гордост“ вели градоначалникот на Чаир

 

Изет Меџити, градоначалник на Чаир и еден од лидрите на ВРЕДИ вели дека во принцип го поддржува протестот што в сабота во Скопје ќе го организира лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Хаг.

Ахмети повикува на протест во Скопје за осудените водачи на ОВК: „Правда за ослободителите“

Меџити ова го изјавил за косовскиот медиум „Вокс Косова, каде што нагласил дека протестот е демократско право и дека Ослободителната војска на Косово (ОВК) е национална гордост, пренесе 360 степени.

„Во принцип, да (го поддржувам). Протестот е демократско право. Ние го сметаме протестот за демократска вредност, а ОВК е наша национална гордост“, рекол Меџити.

Меџити не одговори директно дали ќе учествува на протестот, но рекол дека како градоначалник на Чаир, на чија територија ќе се одржи протестот, ќе даде согласност за негово одржување.

„Протестот ќе се одржи на плоштадот во општината каде што сум градоначалник. Ќе дадеме согласност за одржување на протестот. Се надевам дека сè ќе помине добро“, изјавил Меџити.

Протестот за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Судот во Хаг е организиран од лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Протестот ќе се одржи во сабота на плоштадот „Скендербег“ со почеток од 13 часот.

Таравари: Поддршка за лидерите на УЧК на кои им се суди во Хаг

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар во Штип

Зголемен е бројот на пациенти со мозочен удар во Штипската болница. Одделот за неврологија е скоро целосно пополнет. Зголемен е бројот на пациенти со стомачни проблеми, вртоглавици, колапси и варирање на крвниот притисок во лекарските ординации…

To top