Македонија

Признавањето на ,,Македонскиот јазик” од ЕУ не значи признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија

Тоа што ЕУ во преговарачката рамка го признава македонскиот јазик во никој случај не значи негово признавање од страна на Бугарија.   Ова во издвоено мислење за извештајот за Македонија на ЕК во рамки на Комисијата за надворешна политика на Европскиот Парламент го пишува заменик членот на комисијата Бугаринот Ивајло Валчев.   Валчев вели дека […]

Тоа што ЕУ во преговарачката рамка го признава македонскиот јазик во никој случај не значи негово признавање од страна на Бугарија.

 

Ова во издвоено мислење за извештајот за Македонија на ЕК во рамки на Комисијата за надворешна политика на Европскиот Парламент го пишува заменик членот на комисијата Бугаринот Ивајло Валчев.

 

Валчев вели дека тоа што ЕУ признава македонски јазик не значи дека истиот го признава и Бугарија која македонскиот го смета за наречје на бугарскиот јазик.

 

Валчев е европратеник од партијата ,,Има таков народ” на националистот Слави Трифонов кој претходно имаше навредливи изјави за Македонците.

 

Партијата на Трифонов и на Валчев е дел од бугарската коалиција влада која ја преводи ГЕРБ на Бојко Борисов со што позицијата на Валчев за бугарското непризнавање на македонскиот јазик е позиција на  официјална Софија.

 

 

,,Секое упатување на „македонскиот јазик“, кој е признаен од Европската Унија преку преговарачката рамка, мора да се разбере без да се наруши едностраната бугарска декларација за службениот јазик на Република Северна Македонија од 18 јули 2022 година и во никој случај не смее да се толкува како признавање од страна на Република Бугарија или од страна на бугарските пратеници во Европскиот парламент на „македонскиот јазик“ во никој случај не смее да се толкува како признавање од страна на Република Бугарија или од страна на бугарските пратеници во Европскиот парламент на „македонскиот јазик“, пишува Валчев во своето мислење.

 

,,Пристапувањето на С. Македонија во ЕУ останува целосно зависно од нејзината политичка класа. Нападите, говорот на омраза и неоправданиот судски прогон против граѓаните на С. Македонија со бугарска свест, како и против бугарските културни институции, мора да бидат осудени и веднаш запрени”, пишува Валчев во своето мислење за извештајот.

Бугарскиот поет сега европратеник, го спори и македонскиот идентитет како идентитет на Македонците.

 

Според Валчев македонскиот идентитет е мешавина од повеќе идентитети.

,,Македонија како историски и географски регион е богата мешавина од култури, идентитети и јазици. Референцата за „македонски идентитет“ треба да се разбере строго и единствено во нејзиниот современ контекст на идентитетот на луѓето кои чувствуваат чувство на припадност кон одредена група. Таа е формирана како процес за обликување на посебен национален идентитет преку сложен и долгорочен напор за градење на нацијата”, тврди Валчев во апсурното мислење.

Најнови вести од: Македонија

По повод Светскиот ден на уметноста Општина Пустец со почит се сеќава на уметниците кои ја негувале македонската култура

Годинешното мото „Негување на заедницата преку уметноста“, нè потсетува дека уметноста не е само творење, туку мост што ги поврзува луѓето, генерациите и нашиот заеднички македонски идентитет

Муцунски: Анита Орбан потврди дека во надворешната политика на Унгарија ќе остане цврсто втемелен приоритетот за Западен Балкан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека во вчерашниот телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA, се согласиле дека двете држави треба да имаат уште подобри билатерни односи со заеднички фокус и на прироритетите во НАТО и на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ

Јанчев: Кавадарци има отворени проекти од 19 милиони евра, презентирана веб-платформа со активности од сите сектори

Старечки дом, обиколница, младински и пионерски дом, прва фаза од гасификација, реконструкција на градски отворен базен, доградба на спортски центар, изградба на картинг патека, доградба на покриен базен и изградба на спа центар, био пазар, дневен центар за лица со телесна и ментална попреченост, велосипедски патеки до Тиквешко Езеро, садење на дрвја и цвеќиња, асфалтирање на улици, се дел од проектите што се реализираат, во рамките на повеќе сектори

Шокантни видеа на судењето: Стојанче Јовановски ја снимал Ивана како плаче и го моли да не ја удира

Следното рочиште е закажано за петок, кога исказ ќе даде и обвинетиот Стојанче Јовановски. Тој се изјасни за виновен за тепање и загрозување на сигурноста, но не и за поттикнување на самоубиство. Каење за трагедијата досега јавно не изразил.

Директорот на МРТВ Цветкоски бара смена на Гаши, главната уредничка на МРТВ2, поради емитувањето на скандалозниот прилог за „Голема Албанија“’ во програма

Директорот на Македонска радиотелевизија Марјан Цветковски бара разрешување на главната уредничка на МРТВ 2 Мерита Гаши, откако во програмата беше емитуван детски фестивал со симболи на „Голема Албанија“.

Посмртно одликуван д-р Анастас Коцарев за исклучителен придонес во медицината и борбата за независна Македонија

На свечена церемонија во Скопје претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска – Давкова посмртно го одликува д-р Анастас Коцарев со Орденот „Илинден 1903“ за неговиот исклучителен придонес во медицината и борбата за независна Македонија. Од името на семејството и на Здружението на заборавени Македонци Соња Коцарева-Трпезановска нагласи дека признанието е чин на враќање на Коцарев во македонскиот Пантеон на вечноста.

To top