Македонија

Мерсели: Наместо да поднесе оставка, Ахмети говори на протести против Хашкиот трибунал, дури се претставува и како „господар“ на протестот на 13 декември!

„Приказната дека е ‘херој на војната и менувач на положбата на Албанците’ го одржа Али Ахмети жив во политиката во изминативе две децении. Затоа ги добиваше гласовите на Албанците. Но, избра да си игра со луѓе блиски до него и со оние, што ги делегираше. Половина од нив му го свртеа грбот кога почна да бледнее неговата слика како политички обединител на Албанците. Грбот му го свртеа дури и неговиот чичко, пријател од детството и идеал, и половина од неговите роднини. Лидерот на ДУИ Али Ахмети веќе доживеа политички потоп, тој загуби двапати на избори!“ – истакнува во својата колумна Неби Мерсели, политички аналитичар и новинар од Македонија, кој моментно живее во Канада.

Во колумната со наслов „Обединувач и поделувач“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје, покрај другото, Мерсели наведува: Али Ахмети нема да поднесе оставка. Тој дури држи говори на протестите против Специјалниот Хашки трибунал. Протестот во Скопје ќе биде масовен, а тој се прикажува како негов „господар“. Ја има поддршката од Еди Рама и косовската опозиција. Меѓутоа, колективната оставка е најдоброто решение за оживување на разбиените структури на ДУИ како партија. Тие ја претворија идеологијата и националната кауза во корупција.

Од политички обединител, Али Ахмети стана личност, што предизвикува раздор. Со политиката да не ја освежува партијата низ годините тој стана најголемиот предизвикувач  на раздор меѓу Албанците. Едновремено, флертувајќи со Мендух Тачи и сојузите, кои беа неприродно обединети, Ахмети ја подели и ДУИ. Сега  сè уште се обидува да се камуфлира под плаштот на командант, иако изгуби двапати на избори, 

Пред него е партиски конгрес, каде што претходно навести дека не е виновен како лидер на партијата и коалицијата. Бара оставка од сите освен од себе. Но, на овој конгрес ќе се се пробијат патиштата. Дојде време тој да се брани себеси, а не партијата. Тешко е да ги убеди своите сопартијци дека тој не е виновен за поразот на локалните избори. Дури и за сомнителниот пораз во Кичево!

Незадоволството во партијата постои. На конгресот може да излезе на површина негодувањето на членството, кое е презаситено од Муса Џафери, Блерим Беџети…, презаситено од Артан Груби и други избрани луѓе, секогаш делегирани како негови најлојални луѓе, а не како членови на партијата. Конгресот следната седмица ќе ги одреди нејзините наредни патишта.

Купувањето време сите овие години и одложувањето на решавањето на албанското прашање беа причините, поради кои Али Ахмети доживеа политички потоп. Мендух Тачи и Зијадин Села му го свртеа. Ќе му го свртат грбот и многу негови сопартијци од ДУИ!

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top