Македонија

Катица Јанева излезе од затвор, доби условен отпуст на казната што требаше да и трае до 2027 година

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, осудена на седум години затвор во случајот „Рекет“, оваа недела доби условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, каде што одлежаваше казна од 2021 година.

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, осудена на седум години затвор во случајот „Рекет“, оваа недела доби условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, каде што одлежаваше казна од 2021 година. Директорот на затворот, Зоран Јовановски, потврди за сдк.мк дека Јанева е пуштена под услови: таа мора редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје до истекот на казната и да ги исполнува другите обврски, како што е забраната за сторување ново кривично дело. Непочитувањето на условите би значело враќање зад решетки.

Јанева беше осудена во јули 2021 година (потврдено од Апелациониот суд) за злоупотреба на службената положба и примање награда за противзаконито влијание, во врска со случајот „Рекет“. Заедно со Бојан Јовановски (Боки 13) беше обвинета за рекет од милион евра од бизнисменот Орце Камчев, кој тогаш барал заштита од истрага на СЈО. Јанева конкретно се товари за примање мито (меѓу другото, луксузен кауч и наводни парични суми), иако дел од доказите – особено паричните трансакции – не беа целосно јасни за јавноста, без директни очевидци или недвосмислени материјални траги.

Претходно, сличен условен отпуст доби и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која во „Идризово“ служеше казна за случајот со набавката на луксузниот „мерцедес“ за Никола Груевски. Јанкуловска, која беше во исто одделение со Јанева, исто така редовно се јавуваше во судот под услови.

Лани Јанева користеше привилегија за дневно излегување на работа во адвокатската канцеларија на нејзиниот син во центарот на Скопје, враќајќи се попладне во затворот. Меѓутоа, по промената на раководството во Управата за извршување санкции и извршената контрола, утврдено е дека таа не била на работа, па привилегијата ѝ е одземена.

По апсењето на Јанева во 2019 година, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) беше затворено со консензус на сите партии во Собранието. Предметот „Империја“ против Орце Камчев продолжи во редовното обвинителство, каде што тој призна вина и се спогоди, одлежајќи помалку од една година во затворот од отворен тип во Струга.

Најнови вести од: Македонија

„Ни мртва нема да го направам“ – Сиљановска-Давкова: Не договарам уставни измени зад затворени врати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека постојат правни и политички механизми со кои Европската Унија може да понуди дополнителни гаранции за земјите кандидати, но истовремено категорично порача дека нема да прифати уставни измени договорени надвор од институциите

Мицкоски: Клиничката болница во Скопје ќе се гради кај „Борис Трајковски“

Владата останува цврсто на ставот дека новата Клиничка болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот кај арената „Борис Трајковски“, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

Иста судијка, две одлуки: Ослободителна пресуда за таткото на Васил, Зоран Јованов

Основниот кривичен суд Скопје го ослободи од вина Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајната несреќа на булеварот партизански одреди во Скопје во која смртно страдаше Фросина Кулакова

To top