Македонија

Ангелов: Сите припадници на УЧК кои извршиле воени злосторства мора да одговараат

Злосторствата не смеат да се релативизираат ниту да се користат за политички цели и апсурдно да се бара ослободување на лица кои се осомничени, обвинети или осудени за дела опфатени со меѓународното хуманитарно право

Во пресрет на денешниот протест што го најави ДУИ за поддршка на поранешните припадници на УЧК, во објава на Фејсбук остро реагираче лидерот на политичката партија Достоинство и бранител од конфликтот во 2001 година, Стојанче Ангелов.

Ахмети најави протест во Скопје за поранешните водачи на ОВК

Ангелов порачува дека сите припадници на УЧК кои извршиле воени злосторства мора да одговараат согласно меѓународното право, без разлика каде и кога тие злосторства биле сторени.

Тој нагласи дека тоа важи и за припадниците на УЧК кои, како што наведува, извршиле воени злосторства во Македонија во 2001 година, оценувајќи дека е апсурдно да се бара ослободување на лица кои се осомничени, обвинети или осудени за дела опфатени со меѓународното хуманитарно право.

Според Ангелов, злосторствата не смеат да се релативизираат ниту да се користат за политички цели.

Ангелов ја проблематизира политичката позадина на протестот и вели дека ваквиот протест, повеќе од сигурно, нема да го поколеба судот во Хаг.

„Тогаш, се поставува прашање, која е скриената агенда на денешниот протест? Уште повеќе, зошто токму во Скопје? Дали “случајно”, дали затоа што не им дозволиле на друго место или сепак се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта? Напад врз владејачкото ВМРО ДПМНЕ и коалицијата? Напад врз премиерот Христијан Мицкоски кој се покажа како прилично тврд орев за меѓународната заедница?
Перфиден напад кој едноставно го принудува и албанскиот коалиционен партнер во власта, денес да излезе на протест? Бидејки, ако не излезе, добиваме посилно ДУИ. А ако излезе, се создава погодно тло за послаба власт, односно, погодно тло за враќање на ДУИ во власта?
Можноста пак, за разгорување на меѓуетничката нетрпеливост и нарушување на ионака кревката меѓуетничка доверба, на ДУИ им доаѓа како гратис“, пишува Ангелов на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Трифуновски: Органодарителството како најтешка одлука, остава најсилна светлина позади себе

Д-р Александар Трифуновски, хирург-уролог и член на тимот за трансплантација, во рамки на националната кампања што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, апелира за унапредување на органодарителството

Јаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии, СДСМ манипулира со јавноста

Министерката ги демантираше и тврдењата дека ќе се зголеми партиципацијата за сместување во студентските домови, нагласувајќи дека тоа не е предвидено во законските измени. Таа најави и ново законско решение со кое државата ќе ги преземе платите на вработените во студентските домови, со цел да се намали финансискиот товар врз студентите.

(Фото): Цела недела нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Македонија влегува во период на променливо и нестабилно време, со сончеви паузи, но и со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според временската најава на УХМР, локално процесите може да бидат поинтензивни, со пообилен пороен дожд од над 20 литри на квадратен метар, грмежи и силен ветер над 60 километри на час. Нестабилноста ќе се прошири на повеќе места кон петок и за време на викендот.

To top