Македонија

Богати празници со „Лото 7“ 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

И дека среќата е насекаде, само треба да ја побарате

Празниците се време за среќа, а во декември, месецот на желби и надежи, треба да се сонуваат големи соништа. Играта на среќа „Лото 7“, е најдостапната дестинација за сонување и носи многу можности за изненадување.

Сите оние на коишто бројот 7 им е среќен број, ги потсетуваме дека од 10 до 31 декември играта на среќа „Лото 7“ дава уште точно 7 можности за 7-ка во 2025 година, преку 7-те кола во коишто ќе се извлекуваат добитните лото бројчиња.

Со предвремената уплата, можете однапред да учествувате во 7 последователни кола и безгрижно да ги прославите празниците, знаејќи дека вашата шанса за добивка е веќе обезбедена. Дозволете му на „Лото 7“ да ве изненади, уплатете навреме и уживајте во празничниот дух исполнет со надеж.

Со симболични 30 денари за една лото комбинација, си подарувате моменти исполнети со мечтаење, возбуда и она незаменливо чувство на исчекување. Секоја ваша лото уплата ви ја отвора вратата кон свет полн со нови можности и ви ја дава шансата да се запрашате: Што ако токму јас сум следниот добитник на големата седумка?

Тоа е патот по кој поминаа досегашните 28 среќни добитници на седумки од 2010 година до денес. Тие порачуваат дека секогаш треба да се верува во среќата и никогаш да не се изгуби надеж. За седумка досега се славеше во Битола, Куманово, Кичево, Кавадарци, Свети Николе, Тетово, Струмица, Неготино, Кочани, Охрид и во Скопје, а последната и најголема постигната седумка вредна над 1,7 милиони евра, беше освоена во Охрид во 2024 година.

Играта на среќа „Лото 7“ прерасна во традиција,којашто спојува генерации. Во исчекување на 29-тата седумка, потсетуваме дека со секоја уплатена комбинација се дава и придонес кон општествено корисни цели поддршка на науката, образованието, културата, спортот, животната средина и проекти од јавен интерес. И дека среќата е насекаде, само треба да ја побарат

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

Најнови вести

To top