Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да состави екипа во СДСМ, партијата тоне

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение го критикува раководството на СДСМ, тврдејќи дека единствениот формален функционер, Венко Филипче, се соочува со внатрешни поделби и отпор во партијата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение го критикува раководството на СДСМ, тврдејќи дека единствениот формален функционер, Венко Филипче, се соочува со внатрешни поделби и отпор во партијата.

Според партијата, „Сè повеќе луѓе се противат на идејата партијата да биде маша на бизнис крими интересите на Зоран Заев со единствен извршител Венко Филипче. Партијата е поделена на кланови, на поединци и на групи, каде што најлојален за пари до Венко е Никола Спасов. Токму затоа Никола Спасов спроведува сценарио на дефокусирање од вистината и напад со лаги и дезинформации за наводни мигранти и за наводно сторен криминал во случајот Томовски“.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека ниското политичко ниво во соопштенијата на СДСМ служи за одвлекување на вниманието од фактот дека партијата е „во заложништво на бизнис интересите на струмичката фамилија Заеви“.

„Венко Филипче не може да состави основна екипа со која ќе ја владее СДСМ, партија со само 130 илјади гласови, а камо ли утре да пледира да владее со цела држава. Овие денови гледаме како СДСМ само тоне и станува жртва на сопствената пропаганда. Венко го доуништува и она малку што остана од некогаш големата СДСМ“, се вели во соопштението.

СДСМ засега не реагираше на овие обвинувања, а политичките аналитичари коментираат дека ваквите соопштенија се дел од зголемената тензија меѓу двете најголеми партии пред претстојните локални избори.

Најнови вести од: Македонија

Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“

Министерството посочува дека претставниците на семејствата на средбата изразиле благодарност за приемот и за појаснувањето на чекорите што треба да следат, со договор по завршување на законската процедура повторно да се воспостави комуникација за обезбедување на потребните средства.

To top