Македонија

Денес избор на ново претседателство на Заедницата на локална самоуправа на Македонија

Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска во Скопје ќе ја одржи конститутивната седница.

Конституирањето на ова тело се одржува во согласност со Статутот на ЗЕЛС, во рок од три месеци по спроведувањето на локалните избори. Делегатите на оваа седница ќе ги изберат членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС и на Надзорниот одбор. Во рамки на овој настан, членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС ќе одржат конститутивна седница на која ќе изберат претседател и двајца потпретседатели, кои воедно го претставуваат и претседателството на ЗЕЛС. Потоа, новиот претседател на ЗЕЛС ќе се обрати пред делегатите на Генералното собрание.

На дневен ред на оваа седница, како што посочуваат, е ставена на разгледување и Предлог -стратегијата на ЗЕЛС за 2026-2030 година, во која е утврдена визијата и мисијата на ЗЕЛС, како и стратегиските цели за следните пет години. Делегатите на Собранието ќе дискутираат и за Финансискиот и за Акцискиот план на ЗЕЛС за 2026 година, како и за други актуелни предизвици, во локалната власт.

МИА

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top