Македонија

Венко ќе ја бранел Македонија и правдата ќе победела

Неговата екипа на чело со Заев насилно ја донесе Северна а сега ќе ја брани Македонија

Лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дека никој не можел да го запре во одбрана на Македонија.

 

,,Удривме во осино гнездо. Ја откривме најголемата предавничка операција што се подготвувала. Денес можеме да кажеме и дека таа е веќе потпишана. Само уште изборите нè делат од реализацијата на ова сценарио, на овој план. Не само што ја забранија темата, туку и се закануваат со затвор”, пишува Филипче според кого паниката во редовите на ДПМНЕ е толку голема што веќе не бираат средства. Тоа според него јасно се гледало и по бројот на лажни вести и измислени случаи и наводни афери кои секојдневно ги пласираат во медиумите, со цел да го тргнат вниманието од суштината.

 

,,Вчера се обидоа и преку еден наш член да ѝ нанесат штета на партијата. Не мене лично, тоа не го доживувам лично, туку на целата партија, на сите нејзини членови.

А вие видовте и каква машинерија беше подготвена – за помалку од половина час сите медиуми блиски до власта синхронизирано објавија на своите канали.

Јавно да се изнесуваат вакви работи во момент кога ДПМНЕ нè напаѓа од сите страни со цел да го замолчи нашиот глас на вистината, не е случајно. Тие пронајдоа еден од нас, послаб. Ги искористија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени, за да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови”, пишува Филипче без да наведе за кого се работи.

 

,,Ние го разбираме и нема да се пресметуваме со него. На сите ни е јасно во каква ситуација се наоѓа. Нема да му одмогнеме, можеме само да му помогнеме.

 

До него е да одлучи која страна ќе ја избере.

 

По овој пат сакам да им порачам на сите нив: ние сме на патот на правдата. Никој нема да нè запре. Ќе ја одбраниме Македонија и ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Никој нема да нè запре, а најмалку вакви обиди.

 

Кој сака – нека се приклучи! Кој не може или не сака – нека остане настрана! Правдата ќе победи”, пишува Филипче.

Најнови вести од: Македонија

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

Шестотини тони мазут недостигаат од државните резерви

Државниот завод за ревизија утврди сериозни пропусти во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, меѓу кои и тоа што Министерството за одбрана повеќе од осум години не го вратило заемот од 600 тони мазут, со што се намалени државните резерви на овој стратегиски енергент.

Најнови вести

To top