Бизнис

В понеделник седница на ЕСС, ќе се разговара за раст на минималната и сите плати

Зголемување на минималната плата бараат од Сојузот на синдикати на Македонија, а како аргументи ги посочуваат зголемените трошоци на живот. Во анкета спроведена од страна на ССМ во ноември најголем дел од испитаниците се изјансиле дека минималната плата треба да биде 600 евра. 

Следната недела, односно в понеделник, треба да се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која се очекува да стане збор и за минималната плата. Од Владата остануваат на ставот дека ќе се согласат со решение што ќе го договорат синдикатите и работодавачите, а бизнис секторот се надева дека ќе биде прифатен нивниот предлог за олеснувања во делот на придонесите за сметка на зголемувањето на минималната плата.

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска го повтори ставот на Владата дека ќе го почитуваат секое решение донесено со конзензус меѓу работодавачите и синдикатите, а се додека нема договор ќе важи Законот за минимална плата односно зголемувањето ќе биде според добро познатата формула.

  • Тоа е закон и е донесен со еден општ консензус на сите три страни во социјалниот дијалог и, како таков, мора да се почитува. Секоја одлука која понатаму треба да се носи, исто така, треба да биде донесена со консензус на сите три страни, изјави денеска Ристески, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на конференциата „Достоинствена работа – вистински пат кон праведно општество“.

Од Бизнис конфедерацијата велат дека секогаш постои можност и дека секогаш е потребно да се зголемува платата, но дека тоа треба да го прават оние кои реално го можат.

  • Економијата не е секаде еднакво развиена на територија на нашата држава. Центарот на економските активности е концентриран во Скопје и Скопскиот регион, а останатите градови се уште немаат сериозен обем и немаат големи приходи и голем профит така што треба да се биде свесен за економската состојба и да можеме да најдеме заеднички договор со синдикатите, изјави Миле Бошков, извршен претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Бизнис конфедерацијата се надева дека ќе биде прифатен нивниот предлог – да има зголемување на платата, но придонесите да останат на истото ниво како досега.

  • Намалување на придонесите во однос на покачувањето, за  износот на зголемувањето. На пример, ако минималната плата биде 25.000 или 30.000 денари, покачувањето да биде олеснето, а останатите придонеси кои досега се исплаќале на претходниот износ на платата, да останат на исто ниво, појаснува Бошков.

Зголемување на минималната плата бараат од Сојузот на синдикати на Македонија, а како аргументи ги посочуваат зголемените трошоци на живот. Во анкета спроведена од страна на ССМ во ноември најголем дел од испитаниците се изјансиле дека минималната плата треба да биде 600 евра.

На прашањето „Колку треба да изнесува минималната плата“, од 1613 испитаници, 45,2 проценти сметаат дека минималната плата треба да се зголеми на 600 евра, 42 проценти сметаат дека треба да изнесува над 700 евра, а 12,8 проценти од испитаниците дека треба да биде 500 евра.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати очекуваат на ЕСС да се разговара и за прашањата поврзани со додатоците на плата во јавниот сектор.- Имаме многу прашања за кои треба да разговараме.

  • Сè уште немаме одржано седница на Економско-социјалниот совет, но се надевам дека ќе се разговара за минималната потрошувачка кошница, за минималната плата – прашање што го отвораат синдикатите – но и за други важни теми. Има прашања поврзани со додатоците, со платите во јавниот сектор, кои со години останаа на исто ниво, и затоа не смееме да дозволиме некој да биде ставен во подредена положба или да се чувствува изоставен. Во тој правец треба да покажеме дека преку социјалниот дијалог можат да се решат сите горливи прашања во областа на трудот, изјави претседателот на ККС Благоја Ралповски.

Статистичките податоци објавени од страна на Заводот за статистика за ноември покажуваат дека трошоците на живот на годишно ниво се зголемени за четири проценти.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top