Македонија

Росоман: По 200 евра за секое новороденче

Извршена исплата од по 12.000 денари на сите родители кои навремено поднеле барање за добивање парична помош за новороденче

 

Градоначалникот на Општина Росоман, Ѓорѓи Крстевски, информираше дека реализирана е исплата на финансиска поддршка за родители на новороденчиња.

Во објава на Фејсбук Крстевски информира, дека е извршена исплата од по 12.000 денари на сите родители кои навремено поднеле барање за добивање парична помош за новороденче.

„Општина Росоман ќе продолжи со оваа мерка и во наредниот период, а во рамки на можностите ќе работиме и на зголемување на износот, со цел уште поголема поддршка за младите семејства. Грижата за најмладите е инвестиција во иднината на Општина Росоман“, вели Крстевски во објавата на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

To top