Видео објавено на социјалните мрежи открива како во локална кафеана во Лерин или Флорина на грчки се пејат македонски песни.
Меѓу песните се Македонско девојче китка шарена, Што имала ксмет Стамена и други.
Видеото кое носи наслов Balkan vibes или Балкански вибрации содржи и песна од Горан Бреговиќ а го објавува првиот човек на локална младинска асоцијација во Лерин Костас Филипидис
Музичарите во видеото очигледно одлично ги познаваат македонската музика и песни.