Македонија

Во Битола отворен нов Почесен конзулат на Република Австрија

Новиот почесен конзул на Австрија, потсети дека врската меѓу Виена и Битола е многу силна и датира од пред 170 години

Министерот за надорешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и австрискиот амбасадор во земјава Мартин Памер, во Битола отворија нов Почесен конзулат и го промовираа битолскиот бизнисмен Игор Божиновски за нов Почесен конзул на Република Австрија.

На свеченста во Битола, министерот Муцунски се заблагодари на ангажманот на австрискиот амбасадор за отворањето на почесниот конзулат во Битола, но и придонесот за одличните релации меѓу двете држави.

-За мене како министер за надворешни работи најголем празник за нашата работа е кога имаме ново дипломатско конзуларно претставништво и посебно во овој град, градот на конзулите, градот кој секогаш знае да даде посебен придонес за афирмација на нашиот македонски идентитет. Се радувам што господинот Игор Божиновски е новиот почесен конзул на Република Австрија. Тој е многу успешен стопанственик, но тој е и многу голем хуманист, човек што помага и помага тивко без да очекува дека некој ќе го промовира за тоа што на луѓето им помогнал во најтешките моменти и тоа одлика на неговиот карактер која многу ќе му помогне во вршењето на неговата функција која што е не е секогаш лесна, но да се биде активен конзул е голем предизвик, истакна министерот Муцунски на свеченоста во Битола.

Новиот почесен конзул на Австрија, потсети дека врската меѓу Виена и Битола е многу силна и датира од пред 170 години кога во Македонија бил отворен првиот австриски конзулат.

-Австрија не влијаела само преку дипломатијата, Австрија влијаеле и преку стиот на живеење, преку трговијата, културата и архитектурата. Кога денес ќе прошетаме по Широк сокак гледаме европски фасади, уредени градски куќи и го чувствуваме духот на стариот континент во еден балкански град, а дел од тој слој е и австриско наследство. Денес кога повторно го отвораме овој конзулат, мојата амбиција не е само да ја почитуваме само историјата, туку да ја прдолжиме. Мојата амбиција е да ја зајакнеме соработката меѓу австриските и македонските компании, да се создадеме нови културни мостови и да отвориме врати на младите од Битола кон образование и искуства во Австрија, но и на младите од Австрија кон културата и менталитетот на македонскиот народ. Сакам овој конзулат да биде симбол на партнерство, практично, живо и видливо со конкретни дела, истакна почесниот австриски конзул Игор Божиновски.

На свеченоста во Битола, австрискиот амбасадор Мартин Памер, на новиот почесен австриски конзул Игор Божиновски му врачи егзекватура потпишана од претседателот на Република Австрија и министерот за надворешни работи на таа држава.

-Иако географски Австрија и Северна Македонија се оддалечени, сепак нашите две држави се многу блиски. Со новиот почесен конзулат очекувам дополнителен развој на бизнисот и културната соработка. Битола како во минатото така и во иднина за нас ќе биде центар на конзулската дипломатија, но и град привлечен за посети и соработки. Во конзулатот ќе имаме библиотека корисна за сите од Пелагонија и пошироко како универзитетски регион. Денеска се присетуваме на минатото, но многу повеќе гледаме на иднината за што не чека многу работа во оваа прекрасна земја, рече меѓудругото амбасадорот Памер.

Отворањето на новиот почесен конзулат на Република Австрија во Битола го поздрави и градоначалникот Тони Коњановски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Најнови вести

To top