Бизнис

(Фото): Пробиваме планини за безбеден автопат Охрид-Кичево, вели Николоски

Со засилено темпо продолжуваат да се изведуваат градежните зафати на автопатот Охрид – Кичево. За првпат во Македонија, но и во поширокиот регион, на оваа траса се применуваат напредни градежни решенија за стабилизација на теренот, со цел автопатот целосно да се доизгради и да се стави во функција како безбедно сообраќајно решение.

За прв пат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова за прв пат се изведува во регионот, а се со цел да се овозможи стабилизирање на косините и земјиштето од овој обем. Ова го изведуваме за целосна доизградба и ставање во функција на безбедно автопатско решение, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски и градоначалниците од Кичево и Дебрца извршија увид на работите на автопатот Охрид-Кичево.

– „Ние досега само зборувавме колку е тежок овој проект, но денеска целата македонска јавност може да се увери, дека се работи за најтешкиот инженерски проект, не само во Македонија, туку и во целиот регион. Се работи буквално на пробивање на планини, за косини коишто се од 100 до 200 метри, за земјиште коешто постојано се спушта до главната траса и за бројни проекти, кои што за жал 11 години откако почнал да се гради овој автопат не биле решавани. Со изборот на новата Влада, почнаа овие проблеми да се решаваат. Решаваме вкупно 16 косини, од кои што на 14 ќе имаме стабилизација со така наречени галерии, нешто што за прв пат ќе се изведува, не само во Македонија, туку во целиот регион, каде што со армиран бетон се застанува цела планина, нешто што регионот го нема видено”, истакна Николоски.

Вицепремиерот Николоски упати благодарност за посветеноста на сите инволвирани работници, изведувачи и инженери, кои работат на изведбата на овие инженерски зафати и како што потенцира, целта на изградбата на автопатот Охрид-Кичево не е само да се заврши, туку да биде и безбеден патен правец кој што ќе се користи во наредните децении.

Колку за потсетување, автопатот се гради од 2014 година. По повеќе од една деценија тапкање в место со претходната влада на СДСМ и ДУИ, и зголемување на предвидената инвестиција од 374 милиони евра, на 598 милиони, изминатите 18 месеци по деблокирање на процесите, конечно над 50% од автопатот е пуштен во употреба. Сега работите одат како што треба.

Најнови вести од: Бизнис

Вицегувернерката Митреска: Народната банка ја зајакнува поддршката за жените во економијата и претприемаштвото

Во услови на забрзана технолошка трансформација и развој на вештачката интелигенција, неопходни се соодветни политики за заштита и унапредување на родовата еднаквост на пазарот на труд. Според некои процени, околу 75% од работните места на жените се во занимања со висока изложеност на вештачка интелигенција, што укажува на потребата од навремено приспособување и дополнителна поддршка.

Народна банка одбележува 34 години монетарна самостојност и 80 години централнобанкарскo работење

Овој значаен јубилеј се одбележува во годината кога Народната банка слави и 80 години централнобанкарско работење во земјава. Двојниот јубилеј претставува потврда за континуитетот, институционалната зрелост и посветеноста кон стабилноста и развојот на финансискиот систем.

(Видео): Активно се работи на Коридор 8, во фокус и патиштата и железницата

Коридорот 8 се гради со полна пареа. Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за скоро треба се објави и тендерот за избор на изведувач, што значи дека летово ќе почнат работите на терен. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на состанок со претставници на делегацијата на европската унија ги дискутираат следните чекори.

To top