Бизнис

Мицкоски: Зголемување на минималната плата преку дијалог, не преку наметнати решенија

Економско-социјалниот совет не донесе одлука за зголемување на минималната плата. Владата тврди дека не е против зголемување, но инсистира тоа да биде економски оправдано. Според актуелните параметри, нема потреба од интервентно зголемување пред редовното усогласување во март.

Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека Владата не е против зголемување на минималната плата, но тоа мора да биде резултат на социјален дијалог и реални економски можности.

  • „Нашата цел е посилна економија што отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард. Зголемувањето мора да биде одржливо, а не административно наметнато“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека Владата ќе остане активен партнер во процесот и ќе поддржи решенија што се правични и економски издржани.

  • „Верувам дека преку искрен дијалог можеме да обезбедиме подобар стандард за работниците и стабилна деловна клима за работодавачите“, заклучи премиерот.

Министерот за економија Бесар Дурмиши изјави дека инфлацијата во ноември изнесува 0,5%, а на годишно ниво 4%, што укажува на стабилизација на цените. Проекциите се дека следната година инфлацијата ќе падне под 3%.

  • „Интервентно зголемување без продуктивност и реални економски параметри ќе создаде притисок врз малите претпријатија и ризик за работните места“, нагласи Дурмиши.
Претседателот на Бизнис конфедерацијата, Миле Бошков, изјави дека до законското усогласување во март има простор за преговори, но енормно зголемување е невозможно.
  • „Предлагаме проширување на колективното договарање во Законот за работни односи, со цел да се регулира минималната плата по сектори и да се намалат злоупотребите“, рече Бошков.
Сојузот на синдикати, предводен од Слободан Трендафилов, останува на ставот дека е неопходно зголемување на минималната плата поради растот на животните трошоци.
  • „Работниците едвај врзуваат крај со крај. Ако нема договор, ќе следат порадикални мерки по Нова година“, предупреди Трендафилов.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top