Македонија

Манасиевски: Жерновски, внукот на бугарски кмет и застапник на бугарскиот став за Македонија, со Филипче се симбол на предавство и скандали, не на нов почеток!

„На штета на македонскиот идентитет и позиции, Андреј Жерновски, неуспешниот политичар, јавно говореше во полза на бугарскиот став за Македонија. Но тоа не му беше воопшто проблем, со оглед на неговото семејно потекло и фактот дека неговиот дедо бил бугарски кмет. Жерновски и Филипче, кои се поврзуваат со СДС од транзицијата, не се нови кадри, туку се луѓе, кои неколкупати се виновни за поразите на СДС низ годините. И по сите неуспешни обиди во политиката, од градоначалнички избори до скандалозни ‘дипломатски’ активности Жерновски се стави на располагање заедно со Филипче да биде најголемиот поборник на бугарските агенции и бугарските интереси во државата.“ – нагласи Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ во денешното соопштение за јавноста.

Манасиевски истакнува: Кадри како Жерновски и Филипче се симбол на неуспех, предавства и скандали. Доказ за тоа дека во СДС нема нови лица, ниту пак некакви реформи е тоа што Андреј Жерновски е дел од раководството на Филипче. Прелетач од ЛДП во СДС на Заев, дојден за функција. Жерновски е неуспешен и скандалозен дипломат. Шеташе по Букурешт, претставувајќи се како амбасадор на Македонија, а притоа немаше добиено акредитации за тоа. Јавноста добро го памети Жерновски и по тоа што е неуспешен градежник, затоа што долго време говореше дека трибината на новиот стадион во Скопје кај и да е ќе се урне, ама ете ја таа стои и беше домаќин на најголемото европско фудбалско финале во 2017 година.

Народот го памети Жерновски и по многуте скандали и партизацијата во времето кога беше градоначалник на општина Центар. Своевремено, Жерновски ја превработи општината, но и претпријатието „Паркинзи Центар’’, со роднини на активисти и членови на раководството на СДС. Центарци го паметат и по тоа што постави хаусмајстор да биде главен инспектор, со што не ги испочитува решенијата на Државниот управен инспекторат. „Новите сили“ на СДС се потрошени кадри, што веќе биле дел од раководни позиции и фукционери, кои не покажале никакви резултати, изневерувајќи ја довербата на граѓаните. – посочува Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top