Македонија

Го расипале транформаторот крадејќи струја, сега протестираат

Екипите немаат пристап да ја поправат мрежата, алармираат од Електродиструбиција

Помала група жители на населбата Серава денеска ја блокираа улицата Никола Карев, позната и како Пластичарска улица, затоа што од неделата немаат струја. А немаат, затоа што со години неконролирано крадат струја, па им се расипал преооптоварениот трансформатор.

„Дефектот во населбата Серава настана на 21.12.2025 (недела) како резултат на долготрајните неконтролирани кражби на електрична енергија од страна на жителите, а воедно и континуираните спречувања на екипите на Електродистрибуција во вршењето на работните активности за одржување на мрежата. Веќе подолг период, жителите на улиците Исмаил Кадаре и Кумбара го спречуваат проектот за реконструкција на мрежата и дислокација на броилата. На екипите на компанијата постојано им се упатуваат вербални закани, со што во целост им се оневозможува функционирањето“, велат од Електродистрибуција за Плусинфо.

Сè додека екипите немаат пристап за реализација на проектот за реконструкција на нисконапонската мрежа, ќе биде невозможно да се санираат дефектите, кои ќе продолжат да се појавуваат и во иднина како резултат на преоптовареноста од нелегалните приклучувања, предупредуваат од Електродистрибуција.

Во овој регион загубите на струја надминуваат 70%, а наплатата изнесува 60%, додаваат од компанијата.

На собирот денеска присутвуваа околу 50 граѓани. Поради блокадата, сообраќајот на булеварот Никола Карев беше целосно пренасочен во двата правци, што предизвика застои и отежнато движење во овој дел од градот.

Најнови вести од: Македонија

„МКД.мк“: Филозофски факултет запишувал магистранти и докторанти без завршени додипломски и им наплаќал од 2 до 6 илјади евра?!

„Студенти без додипломски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии. Откако ова било откриено од Државниот просветен инпекторат и студиите им биле прекинати на запишаните студенти, сега нема кој да им ги врати парите. Се работи за десетина запишани студенти на магистерски и докторски студии, на кои по интервенција на инспекторите им биле прекинати студиите. Уписот на магистерски студии чини околу 2-3 илјади евра, а на докторските студии на Филозофскиот факултет чини 5-6 илјади евра.“ – објави информативниот портал „МКД.мк“ во својата статија со наслов „Филозофски факултет на магистерски и докторски студии запишувал луѓе без завршени додипломски “.

„Курир“: Скандал на Заевци и неговата судска банда – октроираниот Апелациски суд го одби барањето на уставобранителите и нема да има ново судење за 27 април!?

„Процес кој наочиглед на сите беше класичен пример за политички прогон, сега во судската пракса може да се изучува како школски пример за политички влијанија, неправда и кршење не човековите права и слободи, континуитет на еден мизерен акт на Заевци и неговата судска банда.“ – пишува информативниот портал „Курир“. во својата статија со наслов „Нов судски резџил: Апелација го одби барањето на уставобранителите – нема да има ново судење за 27 април!?“

ВМРО-ДПМНЕ: Се додека Заев е со СДС, тие немаат иднина

Човекот кој го смени името на државата, човекот кој местеше судии и обвинители, одлучуваше за судски предмети и постапки, човекот кој земаше евро за брат му и евро за црквата, човекот кој го уништи земјоделството, образованието, културата, човекот кој го оцрни образот, јазикот и идентитетот, аболицираниот криминалец Заев, дочекан од неговите лојалисти на чело со Филипче и Димитријевиќ како врховен лидер

Апелација не дава ново судење за „27 април“

Во врска со упадот во Собранието, во затвор се 16 лица, правосилно осудени на казни од 7 до 16 години затвор за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Највисока казна од 16 години доби Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, кој тогаш имаше „златна команда“ за протестите пред Собранието

Најнови вести

To top