Македонија

Мухамет Хоџа и Беким Сали се нови министри

Изборот следува по локалните избори во октомври 2025 година, кога Изет Меџити стапи на функцијата градоначалник на Општина Чаир, оставајќи ги позициите прв вицепремиер и министер за животна средина.

Собранието на Република Македонија на 75. пленарна седница одржана денеска ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски прашања. Веднаш по изборот, двајцата нови министри дадоа свечени изјави пред пратениците.

Претходно, Собранието го разреши Орхан Муртезани од функцијата министер за европски прашања.
Премиерот Христијан Мицкоски ги образложи предлозите, истакнувајќи дека со изборот се обезбедува целосно и функционално екипирање на Владата и континуитет во клучните ресори.

За Мухамет Хоџа рече дека располага со долгогодишно искуство во државната управа и раководни позиции, што гарантира познавање на процедурите, меѓуинституционална соработка и усогласување на јавни политики.

„Министерството за животна средина и просторно планирање има важна улога во креирањето и спроведувањето на политики поврзани со одржливиот развој, националното користење на просторот и заштитата на животната средина. За овој ресор е потребен пристап кој ќе се темели на законитост, институционална стабилност и континуитет во работењето, што сметам дека кандидатот може да го обезбеди“ – рече Мицкоски.

За Беким Сали премиерот нагласи дека има претходно министерско искуство и тековен ангажман во законодавната власт, што му овозможува јасно разбирање на односите меѓу извршната и законодавната власт.

„Ресорот европски прашања бара систематска работа, усогласување на институциите и следење на обврските што произлегуваат од националните и европските документи. Очекувањето е дека кандидатот ќе придонесе кон поефикасна координација и институционален пристап во овие процеси“ – додаде Мицкоски.

Премиерот подвлече дека Владата е посветена на одговорно, транспарентно и законито работење, со приоритет стабилно функционирање на институциите, доследно спроведување на реформите и подобар квалитет на живот на граѓаните.

Поддршка за кандидатите искажаа пратеничките Имерлие Фетаи Салиу и Саранда Имери Стафани од Алијанса за Албанците, како и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Изборот следува по локалните избори во октомври 2025 година, кога Изет Меџити стапи на функцијата градоначалник на Општина Чаир, оставајќи ги позициите прв вицепремиер и министер за животна средина.

На дневен ред на 75. седница се и повеќе закони и одлуки во редовна и скратена постапка.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top