Македонија

Дмитриј Зиков нов амбасадор на Русија во Македонија

Указот за именување го потпиша претседателот Путин две седмици откако го ослободи од должноста Баздникин

Дипломатот Дмитриј Зиков е назначен за амбасадор на Русија во Македонија, а указот го потпиша рускиот претседател Владимир Путин.

„Да се ​​назначи Дмитриј Константинович Зиков за вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“, се наведува во документот.

Путин го ослободи од должноста претходниот амбасадор Сергеј Баздникин на почетокот на декември. По враќањето во Москва, дипломатот го раководи Одделот за историја и документација на руското Министерство за надворешни работи.

Пред неговото назначување во Скопјe, Зиков беше заменик-директор на Вториот европски департмент на руското Министерство за надворешни работи. Вонреден и ополномоштен амбасадор прва класа е рангот на 57-годишниот дипломат.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Хаос на граница пред продолжениот викенд

Повеќе од три илјади македонски државјани утринава ја поминале македонско-грчката граница на преминот „Богородица“, велат од МВР и додаваат дека на истиот граничен премин, до 10 часот, поминале над 11 илјади државјани на други земји. Од македонска страна, не е забележан застој на граничните премини на југоисточниот дел од земјата и додаваат дека се преземни мерки со ставање на функција на сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.

To top