Македонија

Костадиновски: Со Бадентер во Уставниот суд – клуч на врата

Новогодишен брифинг на претседателот на Уставниот суд

Ако одлуките на Уставниот суд треба да се носат со Бадентерово мнозинство, тогаш граѓаните може слободно да заборават на правната држава, а институцијата да стави клуч на врата. Вака остро реагира претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, коментирајќи ги политичките условувања кои ги постави лидерот на ДУИ каков услов за влез во било која идна влада.

„Ако тоа се случи, во истиот момент граѓаните можат да заборават на правната држава, во истиот момент можат слободно да стават клуч и да ја затворат оваа институција. Бадентерот е корисен механизам за општества како нашето, но во политичките органи. Таков орган е Собранието. Но Уставен суд да се сведе етнички аргументи да бидат пресудни – нема потреба од ваква институција“, изјави Костадиновски.

Во своето годишно обраќање, Костадиновски истакна дека и покрај динамичните политички процеси, жестоките притисоци и обидите за влијанија, Уставниот суд успеал да остане цврст столб на правната држава, водејќи се исклучиво од лојалност кон Уставот.

Посебен акцент во обраќањето беше ставен на предметот за Законот за употреба на јазиците, кој со месеци е во фокусот на јавноста. Костадиновски информираше дека подготвителната седница за овој закон досега била одложена двапати, поради сложеноста на предметот и обемот на материјалот.

Тој појасни дека одложувањата не се резултат на политички притисоци, туку на потребата од темелна и одговорна уставно-судска анализа.

„Моите очекувања се дека во текот на јануари, јас како претседател, кога ќе го добијам предметот на работен состанок, ќе го предложам прашањето дали ќе продолжиме со подготвителна седница. Јас лично ќе се залагам за тоа“, изјави Костадиновски.

Во изминатата година, Уставниот суд оформил рекордни 306 предмети, од кои 271 се иницијативи од граѓани, што според Костадиновски покажува дека граѓаните во Судот го препознаваат последното правно засолниште. Решени се 225 предмети, но меѓу нив не е и оној кој се однесува на линераното покачување на пензиите. Судот за тоа дополнително ќе треба да се изјасни, откако првото гласање беше нерешено, односно не беше изгласано од страна на сите судии.

Костадиновски најави и реформи за наредниот период – воведување уставна тужба и пренос во живо на седниците, како чекори за поголема транспарентност и враќање на довербата кај јавноста.Обраќањето го заврши со апел до Судскиот совет и Собранието итно да ги пополнат двете испразнети места со избор на уставни судии, како и со порака до политичарите и институциите да се воздржат од притисоци и етикетирања.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top