Македонија

Реакција на Деспотовски по најавата за негово исклучување од СДСМ

Јован Деспотовски, долгогодишен функционер и кадар на СДСМ, денес излезе со јавна реакција по најавата на партиското раководство за барање за негово исклучување од партијата.

Јован Деспотовски, долгогодишен функционер и кадар на СДСМ, денес излезе со јавна реакција по најавата на партиското раководство за барање за негово исклучување од партијата. Во емотивната порака, тој изрази длабоко разочарување од одлуките на актуелниот претседател Венко Филипче и раководството, истакнувајќи дека не очекувал од својата матична партија да го доведе до состојба во која останува „целосно без зборови и коментар“.

„Искрено, после 30 години политички стаж најмалку очекував токму мојата матична партија да ме остави целосно без зборови и коментар. Во сите јавни настапи сум бил максимално умерен дури и во ситуации и за луѓе кои апсолутно заслужиле остар став. Ако таа умереност сега станува закана за актуелниот партиски врв тогаш СДСМ има многу поголем проблем отколку што и мислиме“ – напиша Деспотовски.

Тој директно му се обрати на Филипче, нагласувајќи дека партијата имала и ќе има личности поголеми од актуелниот претседател.

„СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од актуелниот претседател. И, никој од нив никогаш не се ставил над партијата, над нашето семејство. Тоа не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде. Една лична порака за крај или за почеток – Венко, со една одлука не можеш, ниту ќе дозволам да избришеш 30 години работа, љубов и жртва“ – додаде Деспотовски.

Реакцијата на Деспотовски доаѓа во време на ескалација на внатрепартиските тензии во СДСМ, по серијата критики од истакнати членови кон начинот на комуникација и политиките на раководството. Ова е кулминација на кампањата на партискиот Центар за комуникации, кој Деспотовски го обвини за предавство и соработка со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Патот кон ЕУ мора да се темели на заслуги, не на билатерални прашања! – Позицијата на Бугарија е агресивна и радикална!

Македонија е подготвена да продолжи по европскиот пат, но очекуваме јасни гаранции дека процесот ќе се одвива без нови блокади и со поголема предвидливост, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со литванскиот колега, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на земјата. На прашањето како го коментира тоа што министерот Будрис изјави дека сега е моментот за проширување и треба да се искористи, Муцунски оцени дека постои широка поддршка од земјите-членки за напредокот на Македонија, но дека се неопходни јасни уверувања за непречено одвивање на евроинтегративниот процес.

Будрис: Македонија е на вистинскиот пат

Ја имате нашата целосна поддршка и помош во овој процес. Споделуваме иста стратешка визија и веруваме во силна, обединета и безбедна Европа – истакна министерот за надворешни работи на Литванија на денешната средба со шефот на македонската дипломатија Муцунски

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче не е важно што ќе распродаде, ако за возврат добие нешто за себе

Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став по дипломатскиот преседан што го направи Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржи информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на претседателот на Владата Христијан Мицскоски.

To top