Македонија

Како е можно во Македонија да опаѓа бројот на Македонци, а да расте бројот на Албанци?!

Според државните податоци на кои се повикува порталот, во Макдонија имало 16.061 родени и 20.201 починати, што означува природен пад на населението. Но, податоците по етничка припадност покажуваат значајни разлики меѓу двете најголеми заедници.

Во последните 10 години, Македонија се соочува со пад на населението, но не во сите заедници. Албанците бележат позитивни бројки во однос на раѓањата и смртните случаи, додека Македонците бележат негативен природен прираст од околу 4.100 лица помалку. Познавачите нагласуваат дека политиките треба да се променат и дека младите парови треба да имаат поддршка за основање семејства, објави Еуроњуз Албанија.

На државно ниво, регистрирани се 16.061 раѓања и 20.201 смртни случаи, што резултира со негативен природен прираст. Сепак, распределбата по етничка припадност открива длабока разлика помеѓу главните заедници.

  • Македонско население: 6.841 раѓања, 14.760 смртни случаи, салдо – 7.919
  • Албанско население: 5.473 раѓања, 3.309 смртни случаи, салдо +2.164

Кај Македонците, на секои 100 раѓања имало околу 216 смртни случаи, јасен показател за стареењето на населението и континуираниот демографски пад. Додека кај Албанците, на секои 100 раѓања имало околу 60 смртни случаи, што одржувало позитивен природен баланс дури и во услови на емиграција.

Биланс по општини

Арачиново: +138 (Македонци +2, Албанци +133)
Скопје (вкупно): –17 (Македонци –1.395, Албанци +1.287)
Карпош: –244 (Македонци –242, Албанци +1)
Кисела Вода: –258 (Македонци –253, Албанци 0)
Битола : –459 (Македонци –774, Албанци –15)
Чаир: +351 (Македонци –100, Албански +427)
Сарај: +332 (Македонци +3, Албански +329)
Студеничани: +137 (Македонци +1, Албански +84)

Аналитичарите проценуваат дека демографските промени директно ќе влијаат врз структурата на образованието, пазарот на трудот и пензискиот систем, како и врз политичката и економската рамнотежа на земјата во наредните децении.

Во минатото, Македонија имаше политики за раст на населението, како што се месечните исплати за трето и четврто дете, кои не покажаа значителен успех. Неодамна, беше најавен обновен фокус на нови политики, вклучувајќи субвенции за домување за млади парови, со цел да се решат причините зошто младите луѓе се венчаваат поретко и подоцна основаат семејства. Дури, контроверзно за и за да се тестира јавното мислење, премиерот изјави дека самците ќе плаќаат даноци, изјава што наиде на остри реакции во јавноста.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top