Свет

Денеска средба Трамп-Зеленски во Флорида

Во пресрет на средбата со американскиот претседател ,Зеленски доби уверенија за поддршка од западните лидери

Белата куќа објави дека средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Флорида е поместена за два часа.

Според ажурираниот распоред, Трамп ќе учествува на билатерална средба со претседателот на Украина во недела во 13:00 часот по локално време, односно во 19:00 часот по средноевропско време, објави американската администрација.

Претходно беше објавено дека средбата ќе се одржи во 15:00 часот по локално време. Средбата ќе се одржи во Палм Бич, каде што се наоѓаат голф-клубот и имотот на Трамп.

Трамп претходно во интервју за Политико изјави дека ниту еден од предлозите на Володимир Зеленски за решавање на војната во Украина нема да има сила без негово одобрение, но во исто време изрази увереност дека има добри шанси за постигнување договор.

Зеленски в;era одржа видео разговори со лидерите на речиси десетина европски земји и Канада, заедно со високи претставници од Европската комисија и НАТО.

Лидери на Европската унија, Урсула фон дер Лајен и Антонио Коста, исто така разговараа со Зеленски, кој во саботата вети дека поддршката на Европската унија за Украина нема да се намали.

„Ги поздравуваме сите напори кон нашата заедничка цел, праведен и траен мир што го зачувува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на X.

„И ова ги зајакнува безбедносните и одбранбените способности на земјата, како составен дел од безбедноста на нашиот континент“, додаде таа.

„Во 2026 година, Европската комисија ќе продолжи да врши притисок врз Кремљ, да ја одржува својата поддршка за Украина и интензивно да работи за да ја придружува Украина на нејзиниот пат кон членство во ЕУ“, рече таа.

Коста, претседателот на Европскиот совет, кој ги претставува 27-те земји-членки на блокот, исто така вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина, велејќи на X: „Поддршката на ЕУ за Украина нема да се поколеба. Во војна, во мир, во обнова“.

Коста предупреди дека Европската Унија е подготвена да воведе дополнителни санкции врз Русија доколку е потребно.

Тој ги наведе потезите на ЕУ што „ја направија Украина посилна“, вклучувајќи го и „проширувањето на санкциите против Русија, со дополнителни мерки доколку е потребно“.

Коста додаде: „Силна и просперитетна Украина во ЕУ е клучна безбедносна гаранција. Ние продолжуваме да работиме за робустен и траен мир за Украина, во тесна соработка со нашите американски партнери“.

 

Најнови вести од: Свет

Русија го нападна Киев во пресрет на средбата Трамп-Зеленски

Во нападот кој започна ноќеска и кој трае десетина часови, Русија испали неколку хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ кон украинскиот главен град

Кина го пушти во употреба најдолгиот автопатски тунел во светот(ВИДЕО)

Со отворањето на автопатот, времето на патување од регионалниот главен град Урумќи, северно од планините Тјаншан, до Корла, јужно од планините Тјаншан, е намалено од седум часа на околу 3,5 часа.

To top