Хроника

Две групи Македонци и Албанци се испотепале во Италија, 11 уапсени

Фотографија направена со мобилен телефон причина за масовната физичка пресметка во бар кај Перуџа

ø;

Брутална тепачка меѓу две групи имигранти, Македонци и Албанци, го разбранува јавното мислење во италијанскиот град Перуџа.

Инцидентот започнал во бар во областа Сан Систо и завршил со хаос на улиците, неколкумина повредени и 11 уапсени лица.

Според прелиминарните информации од истрагата, конфликтот не бил планиран, туку ескалирал од банална причина – фотографија направена со мобилен телефон. Вербалната расправија меѓу младите брзо се претворила во масовна тепачка, каде што биле користени столови, маси и дрвени стапови долги над 60 сантиметри. Во инцидентот биле вклучени и неколку романски државјани.

Ситуацијата дополнително се влошила кога двајца од учесниците, обидувајќи се да заминат со автомобил, удриле во 27-годишен Македонец, кој се здобил со сериозни скршеници на двете нозе. Повредениот бил примен во болницата во Перуџа, каде што лекарите предвидуваат период на закрепнување од најмалку 30 дена.

Полицијата сè уште ги бара возачот и сопатникот, меѓу кои и едно малолетно лице.

Откако беше повикан бројот за итни случаи 112, голем број италијански карабинери и полицајци интервенираа на местото на настанот.

Уапсените се на возраст меѓу 19 и 31 година, а некои од нив, според информациите, веќе им биле познати на органите за спроведување на законот.

За време на претресите, кај еден од уапсените е пронајдена дрога, додека друг се обидел да ги скрие клучевите од автомобилот во вазна за да избегне нејзино запленување. Сите уапсени се испратени во затворот „Капане“ и ќе одговараат за кривично дело тешко насилство.

Најнови вести од: Хроника

М.Р. (18) од тетовска Палатица осомничен дека испраќал лажни пораки за поставени бомби во училишта во Тетово

Со судска наредба е извршен претрес во неговиот дом во селото, при што се одземени повеќе електронски уреди. соопшти полицијата. Полицијата го уапси и му подготвува кривична пријава

Дали извршил уште 5 убиства овчарот Т.Б (25), веќе осомничен дека е сериски убиец и силувач на жени од Кумановско?! Видео)

Уште пет смртни случаи на повозрасни жени и еден обид за убиство се испитуваат од истражните органи, за да се види дали се дело на осомничениот дека е сериски убиец во кумановско Старо Нагоричане, за кого засега има сериозни укажувања оти извршил најмалку две убиства и еден физички напад врз постара жена во кумановското село Челопек, објави ТВ Телма, повикувајќи се на извори блиски на истрагата.

To top