Македонија

Николоски: После 60 години легализиран Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле

Во следниот период ќе работиме на модернизација и реконструкција на Охридскиот аеродром

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека аеродрoмот Св. Апостол Павле во Охрид конечно е легализиран.

-На последниот ден од 2025 година сакам да споделам убава вест дека охридскиот аеродром кој оперира уште од 1970-тите години конечно е легализиран!

Изминатава година тим од Министерството за транспорт, АД Аеродроми и ТАВ, заедно со Катастар, Државното правобранителство, Управата за имотно-правни работи и други владини институции посветено работеше конечно да се впише Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во катастар и конечно овој стратешки објект да добие имотен лист.

Во нормални услови ова воопшто не би било вест, но после толку години негрижа и запоставување на државниот капитал сметам дека е важно да се запознае јавноста.

Во следниот период ќе работиме на модернизација и реконструкција на Охридскиот аеродром со цел да привлечеме нови туристи.

Нека е убава и среќна новата 2026 година!, објави вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Во време на премрежија Мајката Божја нѐ вдахновува и нѐ храбри да истраеме на патот на доброто, заедништвото и солидарноста

По повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до сите православни христијански верници и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и Македонски и на Јустинијана Прва Стефан.

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во безбедно и одржливо производство

По повод одбележувањето на 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА и оваа година ја продолжи традицијата на оддавање признание на своите вработени за нивниот труд, стручност и посветеност кон безбедното и стабилно работење на рудникот. За празникот, сите вработени во САСА добија парична награда за своите залагања, додека на вкупно 121 вработен им беа доделени дополнителни парични награди и признанија за особен придонес кон остварувањето безбедно и стабилно производство и за другите активности поврзани со работењето на САСА.

To top