Македонија

67.624.624 евра се собрани од патарини во 2025 година

Заклучно со 23 декември

Од наплата на патарини од почетокот на минатата година заклучно со 23-ти декември остварен е промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра).

– Според досегашниот остварен промет, 2025-та ќе биде рекордна ако се има предвид фактот што, заклучно со 23.12.2025, остварениот вкупен промет е веќе зголемен во однос на претходно рекордната наплата од 2024 година и е зголемена за над 71 милион денари, а декември сѐ уште не е завршен. До 23.12.2025 година остварен е промет во висина од 4.158.914.362,00 денари (67.624,624 евра), информира за МИА Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Тој посочува дека приходот од наплатата од патарини има постојан пораст во изминатите години. Прегледот на вкупно остварениот промет по основ на наплатена патарина, продажба на електронски уреди, надополнување на електронските уреди, плаќање на билети за ненаплатена патарина како и на средства наплатени преку платформата Отворен Балкан (започнувајќи од летото 2023) покажува дека во 2020 биле наплатени 34.029.562 евра, во 2021 година 46.401.122 евра, во 2022 година 53.242.070 евра, во 2023 година 62.077.966 евра, а во 2024 година 66.463.963 евра.

Од ЈПДП споделуваат дека по повикот за воспоставување поширока мрежа на достапност за купување и надополнување на уредот М-ТАГ, склучен е договор за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со уреди за електронска наплата на патарина (таг) со правните лица А1 Македонија и Македонски телеком.

– Во моментот се извршува интеграција на апликативните софтвери помеѓу ЈПДП и правните лица за пуштање во употреба на бараните услуги со М-ТАГ, информираат од ЈПДП.

Собранието во јуни изгласа измени на Законот за јавни патишта со кои се создаде правна основа за објава на повик за избор на оператор за поставување малопродажна мрежа низ државата за надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг. Тоа сега се прави само во просториите на ЈПДП. Искуствата во другите држави со ваквиот начин на продажба покажуваат дека електронските уреди за наплата на патарина станале подостапни до корисниците и оти нивниот број се зголемил. Се очекуваат придобивки со забрзување на протокот на сообраќај на наплатните станици, зголемување на ефикасноста на наплатните станици, зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на злоупотребите и зголемување на задоволството на корисниците.

Најнови вести од: Македонија

Филипче и Заеви си ја обновија лиценцата за бизнисот со струја

Регулаторната комисија за енергетика денеска објави дека, постапувајќи по барање на фирмата ФОС ИМЕРАС, извршила усогласување на правата и обврските утврдени во лиценцата за вршење на енергетската дејност производство на електрична енергија со Законот за енергетика.

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната преобразба и технолошкиот развој – стратегиски приоритети на Владата на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа.

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top