Македонија

Македонија ѝ понуди на Швајцарија лекување на повредените во Кран Монтана

Муцунски на швајцарскиот амбасадор му понудил лекување на дел од 115 повредени во пожарот во бар во скијачкиот центар

Во телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор Кристоф Зомер, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски понуди помош за настраданите во пожарот во бар во скијачкиот центар Кран Монтана, во кој најмалку 115 лица се повредени.

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, г. Кристоф Зомер.

Во рамки на разговорот, министерот Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.

Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.

Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените“, соопшти македонското МНР.

Најнови вести од: Македонија

Османи ќе се „жали“ во ЕУ за „влошувањето на меѓуетничките односи и кршењето на Охридскиот договор“, но и за евроинтеграцијата

„Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи е во дводневна работна посета на Брисел, каде што ќе оствари серија средби со претставници на Европската комисија, Службата за надворешни работи на ЕУ, како и со европратеници. Според најавата, во центарот на вниманието на овие средби ќе бидат прашања поврзани со европската перспектива на земјата, забрзувањето на евроинтеграцијата и актуелните политички предизвици.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

ВМРО ДПМНЕ: СДС и Филипче водат политика за корист на кланот Заеви и подготвени се да ги дораспродадат македонските интереси со лажната проевропска агенда!

„Филипче тоне во сервилност без крај и води лажна проевропска агенда додека во реалноста нема план и стратегија.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение.

Натпревар за најдобро произведени ракии организира здружението „Ж’та – Македонски ракијари“

Тиквешијата е колевка на врвната ракија – порача Арсовски, истакнувајќи дека од година во година, расте, бројот на учесници на натпреварот, но и квалитетот на доставените мостри

Најнови вести

To top