Тажната вест ја објави „Рома Прес“, од каде што со емотивна порака се простија од долгогодишниот политички претставник и борец за правата на ромската заедница.
Ибраимовски беше препознатливо име на македонската политичка сцена, особено по својот ангажман за подобрување на положбата, интеграцијата и политичкото претставување на Ромите во Македонија.
Во текот на својата политичка кариера извршуваше повеќе значајни државни функции. Беше пратеник во македонското Собрание, министер без ресор задолжен за спроведување на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, а извршуваше и директорска функција.
Како претседател на ПЦЕР, со години учествуваше во политичките процеси, застапувајќи ги интересите на ромската заедница и прашањата поврзани со нејзината социјална и економска положба.