Бизнис

Славески за Алта Банка: Граѓаните да бидат сигурни, заштедите никој нема да им ги одземе

Гувернерот на НБРМ ги повика штедачите да веруваат во институциите и во нивните мерки во врска со битолската банка

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Трајко Славески, во вечерашното интервју за ТВ Телма испрати порака до штедачите на Алта Банка АД Битола да веруваат во институциите и во нивните мерки за надминување на ситуацијата по одземањето на дозволата за работа на Алта Банка АД Белград.

„Граѓаните треба да бидат сигурни, да веруваат во институциите, дека нивните заштеди се наоѓаат на нивните сметки и дека тие имаат целосна гаранција дека заштедите нема никој да им ги одземе. Располагањето е ограничено во еден ограничен временски период во кој што треба оваа состојба да се надмине“, рече Славески во емисијата „Топ тема“

Според него, лимитот за подигнување 10.000 денари неделно на шалтер „е повеќе од доволно, затоа што имаме вонредна ситуација во која што треба трпение за банката“.

 

 

 

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

To top