Македонија

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

Премиерот Христијан Мицкоски со својот владин тим разговарал со раководството на „Дојче телеком“ за можни инвестиции во дигиталната трансформација на Македонија, вклучително и примена на вештачка интелигенција (АИ) во медицината и во инженерството, развој на паметни градови и современи системи за дигитална безбедност. Се работи за прва посета на македонската влада на „Дојче Телеком“ во Бон во Германија. Работната средба се одржала со главниот извршен директор на германската компанија, Тимотеус Хетгес, и членката на Управниот одбор задолжена за Европа, Доминик Лерој.

  • „На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и инвестиции кон дигиталната трансформација и иднина на Македонија“, се наведува во соопштението на Владата.

Меѓу темите биле и новите комуникациски технологии, како и можностите за примена на АИ во различни области.

  • „Инвестиции во делот на современите техники во медицината и инженерството, развој во делот на комуникацијата, развојот на вештачката интелигенција, современата кибернетска безбедност“, се дел од областите наведени во соопштението.

Разговорите ги опфатиле и плановите и амбициите за развој во делот на паметен град, безбеден град и безбедна држава. Освен за можната соработка во Македонија, претставниците на Владата и на „Дојче телеком“ разговарале и за технолошките предизвици со кои се соочува Европа.

  • „Во рамки на разговорите беа разменети и мислењата за европската конкурентност, безбедност и дигиталниот суверенитет како стратешки приоритет за Европа“, се наведува во владиното соопштение.

Како важни области биле посочени и капацитетите во областа на cloud технологиите, вештачката интелигенција, индустриската вештачка интелигенција и сајбер-безбедноста. Во владината делегација биле вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски. Владата ја оценува средбата како можност за понатамошно унапредување на соработката со една од водечките европски телекомуникациски компании.

Најнови вести од: Македонија

Galaxy Z Fold8 нуди повеќе отколку што мислите: мали трикови што го олеснуваат секојдневниот живот

Со Galaxy Z Fold8, осмата генерација на иновативни уреди на преклопување на Самсунг (“Samsung”), нуди повеќе за откривање, надвор од веќе познатото искуство на отворање на уредот за да се добие поголем екран. Некои функции ви овозможуваат телефонот да го доживувате полично, додека други ги олеснуваат секојдневните задачи.

Премиерот Христијан Мицкоски најави мерки со кои младите двојки полесно ќе се стекнат со дом

Градежната компанија нема да може да добие дозвола за градба ако уште во процесот на урбанизација и проектирање не одвои најмалку 10 отсто од станбената површина за оваа мерка за младите, рече премиерот Христијан Мицкоски.

To top