Македонија

Новогодишна трагедија: Почина двегодишно дете кое беше погодено од куршум на новогодишната ноќ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно информираше дека ова е еден од најсериозните инциденти за време на новогодишната ноќ, со потврда дека повредата е предизвикана од метален фрагмент, а околностите сè уште се предмет на полициска истрага.

Утрово на скопските клиники почина двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ во Скопје, откако според првичните информации било погодено од метален проектил, најверојатно заталкан куршум, додека со мајка си гледало огномет.

Инцидентот се случил додека мајката го држела детето во раце надвор од домот. По ударот, детето итно било пренесено во Градската болница, а поради сериозноста на повредите – префрлено на Клиниката за детска хирургија. Лекарите констатирале крварење во мозокот со зафатени сите мозочни комори. Детето било во животозагрозувачка состојба под постојан медицински надзор.

Двегодишно дете погодено со куршум во главата, состојбата му е критична, бурно ja поминалo ноќта на хируршките клиники

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно информираше дека ова е еден од најсериозните инциденти за време на новогодишната ноќ, со потврда дека повредата е предизвикана од метален фрагмент, а околностите сè уште се предмет на полициска истрага.

Најчитани вести

Признание: Бугарија управува и финансира медиуми во Македонија, еден од нив постојано го пренесува Љубчо Георгиевски

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top