Свет

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле

Изјава шефот на обезбедувањето во швајцарскиот кантон Вале, Стефан Ганцер

Шефот на обезбедувањето во швајцарскиот кантон Вале, Стефан Ганцер, денеска изјави дека барот во Кран Монтана каде што избувна пожарот на новогодишната ноќ имал повеќе од еден излез за евакуација, но дека повеќето луѓе во паника не можеле да ги најдат и се обиделе да излезат низ главниот влез.

Во несреќата што се случила во популарниот бар, загинаа 40 лица, а 119 лица се повредени, додека точниот број на присутни лица во локалот засега не е познат.

-Повеќето луѓе не ги пронашле излезите за евакуација, рече Ганцер на прес-конференција.

На прашањето дали некаков вид пена на таванот на барот придонел за ширење на пожарот, тој вели дека истрагата ќе се обиде да утврди дали пената била поставена од безбедносни причини, во согласност со прописите и дали таа била причина за пожарот или не.

-Прерано е да се каже дали била инсталирана според прописите или не, рече тој.

Швајцарските власти, исто така, се сомневаат дека пожарот е предизвикан од роденденски прскалки поставени на шишиња со шампањ.

Најнови вести од: Свет

Нетанјаху: Измислица се тврдењата за непријателство кон христијаните во Израел

Тврди дека Израел е единственото место во регионот каде што христијаните „напредуваат“, додека во соседните арапски земји биле „угнетувани, задушувани, а понекогаш и масакрирани“

Во една од најбогатите земји се враќа ќотекот како дисциплинска мерка во училиштата

Тој додаде дека училиштата ќе ја земат предвид зрелоста на учениците и ќе проценат дали таквата казна може да му помогне на детето да ја разбере сериозноста на своето однесување и да научи од своите грешки.

„Потполно неприфатливо“: Трамп го одби мировниот предлог на Иран

Иранскиот план повикува на прекин на војната на сите фронтови и предвидуваа САД да мора да платат воени репарации, а Техеран, исто така, побарал целосен суверенитет над Ормутскиот теснец, укинување на санкциите и ослободување на запленетиот ирански имот

To top