Македонија

Агелер: Три децении покажавме како изгледа вистинско пријателство и партнерство

Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела Агелер упати пораки за слобода, партнерство и заедничка иднина. Таа истакна дека, иако во овој дел од светот 249 години не се сметаат за многу, тоа за САД е доказ за една млада, но енергична и силна нација.

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела Агелер упати пораки за слобода, партнерство и заедничка иднина. Таа истакна дека, иако во овој дел од светот 249 години не се сметаат за многу, тоа за САД е доказ за една млада, но енергична и силна нација изградена врз темелите на слободата, самоуправувањето и заштитата на основните права.

  • Стремежот кон посовршен сојуз ја повикува секоја генерација да се издигне, да се стреми кон повеќе и да гради иднина достојна на тие вредности, без разлика на предизвиците и кризите – порача Агелер.

Во својот говор таа потсети дека оваа година се одбележуваат и 30 години дипломатски односи и пријателство помеѓу Соединетите Американски Држави и Македонија.

  • Три децении, Соединетите Американски Држави и Македонија ги издржаа глобалните шокови и политичката смена на генерации – и секој пат излегоа посилни. Тоа е отсликано во заедничките мисии во Ирак и Авганистан и големите вежби на Криволак, подготовките за заедно да се бориме за зачувуванье на мирот. Веќе три децении заедно му покажуваме на светот што може да се постигне со силина, компромис и трпение. Покажавме како изгледа вистинско пријателство и вистинско партнерство. Тоа е зачувуванье на вашето културно наследство со почит што му прилега на едно глобално богатство. Тоа се тешки, искрени разговори за теми од големо значење за двете наши земи. И тоа е тага која ја делиме со вас кога ќе изгубите млади и прекрасни животи во страшен пожар. Бог да ги благослови Соединетите Американски Држави, и Бог да ja благослови Македонија, рече Агелер.

Свеченоста ја збогати присуството на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, гувернерот на Народната банка Трајко Славески, како и други високи претставници од Владата, дипломатскиот кор и граѓанскиот сектор.

Најнови вести од: Македонија

Денес се одбележува 82 години од Ваташкиот масакр: „Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!“

На денешен ден, 16 јуни 1943 година, бугарскиот фашистички окупатор изврши еден од најтешките злочин во Македонија за време на Втората светска војна – Ваташкиот масакр.

СП: Путин му бил херој на пироманот кој запали возила пред бугарска амбасада!?

Засега мотивот за инцидентот не е поврзан со Бугарија, туку сторителот наводно се изнервирал зашто на некоја телевизиска репортажа видел дека возилата се паркирани непрописно, фатил автобус од Драчево, дошол во Центар и ги запалил возилата

To top