Македонија

Двајца нападнале со нож кичевчанец – тој заврши во болница

Уапсени две лица осомничени дека со нож нападнале и изболе 38-годишен жител на градот, кој поради сериозноста на повредените е пренесен во медицинска установа во Скопје.

Две лица кои се сомничат дека со нож нападнале и изболе 38-годишен жител на градот, кој поради сериозноста на повредените е пренесен во медицинска установа во Скопје.

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид, двете лица со иницијали А. А. (45) и Ј. Д. (36) биле уапсени околу 14:45 часот во Кичево. Според полицијата, тие околу еден часот претходно, односно околу 13:30 часот, кај месноста „Сеферов бунар“, во близина на селото Трапчин Дол, имале расправија со 38-годишниот Б. А., по која го нападнале со нож и му нанеле убодни рани.

„Тој, по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите е пренесен во Градската општа болница ‘8 Септември’ во Скопје“, соопштија од СВР Охрид.

По настанот, полициски службеници со судска наредба извршиле претреси во домовите на уапсените лица и кај Ј. Д. пронашле шприц во кој имало течна кафеава материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

Најнови вести од: Македонија

Будрис: Македонија е на вистинскиот пат

Ја имате нашата целосна поддршка и помош во овој процес. Споделуваме иста стратешка визија и веруваме во силна, обединета и безбедна Европа – истакна министерот за надворешни работи на Литванија на денешната средба со шефот на македонската дипломатија Муцунски

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче не е важно што ќе распродаде, ако за возврат добие нешто за себе

Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став по дипломатскиот преседан што го направи Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржи информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на претседателот на Владата Христијан Мицскоски.

To top