Македонија

ДКСК се „заинтересира“ за фирма основана од децата на Блерим Беџети

Компанија е регистрирана за изградба на станбени и деловни објекти, поранешниот градоначалник на Сарај, вели дека нема да градат згради

 

Станува збор за фирмата „ВЕ-ИНВЕСТ ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје“, основана во септември 2025 година. Во Централниот регистар како сопственик е заведена 21-годишната Ељма Беџети, а управител е нејзиниот брат, 19-годишниот Валон Беџети. Седиштето на фирмата се наоѓа во стан во сопственост на нивниот дедо, Беџет Беџети, објави РСЕ..

Фирмата е создадена со непаричен капитал од 5.000 евра, вклучувајќи елементи од домаќинство – бор машина, плакари, брусалка, мобилен телефон, биро, клуб маса. Нивната вредност за впишување на непаричниот влог во Централниот регистар ја утврдил овластен проценител.

Седиштето на градежната фирма  се наоѓа во близина на трговскиот центар Мавровка во Чаир. Како сопственик е заведена Ељма Беџети, додека за управител на фирмата е запишано името на Валон Беџети.

Иако Беџети во својот анкетен лист веќе има пријавено дел од имотот на своите деца, новооснованата компанија таму не фигурира. Од ДКСК потврдија дека по сопствена иницијатива отвориле предмет за проверка, потсетувајќи дека избраните и именуваните лица мора да пријават зголемување на имотот на своите семејства над вредност еквивалентна на 20 просечни плати, во рок од 30 дена.

Во изјава за Радио Слободна Европа, Блерим Беџети посочува дека неговите деца се полнолетни и живеат одвоено, но додава дека, доколку постои законска обврска, компанијата ќе биде пријавена.

Истовремено вели дека, иако во документацијата стои градежна дејност, фирмата не планира да гради згради, без да прецизира со што конкретно ќе се занимава.

Основaчкиот капитал на компанијата, според регистарот, е внесен како непаричен влог од 5.000 евра, составен од предмети од домаќинство и техничка опрема, проценети од овластен проценител.

Случајот се развива во период кога против Беџети веќе се води постапка поврзана со изградба на објект во Сарај — процес што тој го оценува како политички мотивиран.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top