Македонија

МАЕИ: Ланската 2025-та, година на борба за одбрана на македонскиот национален идентитет и јазик на Македонците во Албанија

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) го објави Годишниот извештај за својата активност во 2025 година, во кој детално се прикажани активностите, предизвиците и политичките позиции на единствената македонска политичка партија во Република Албанија. Во извештајот се нагласува дека 2025 година била една од најтешките, но и најзначајните години за МАЕИ и за македонската заедница во Албанија, обележана со засилени асимилаторски притисоци, медиумски напади и судски постапки насочени кон замолчување на партијата. „Посебно внимание е посветено на континуираните активности на Република Бугарија за негирање на македонскиот идентитет и обидите за институционална маргинализација на МАЕИ“ – стои во извештајот.

МАЕИ посочува дека и во 2025 година останала доследна на својата принципиелна политика – одбрана на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и историско наследство, како и борба за целосна примена на европските стандарди за малцински права во Албанија. Извештајот содржи и осврт на правната и институционалната борба на партијата, вклучително и судскиот процес во Корча, кој, според МАЕИ, претставува обид за политички притисок врз нејзиното раководство.

МАЕИ во извештајот ја реафирмира „својата определба за немешање во внатрешните политички и изборни процеси во Република Македонија”, но истовремено упатува „јасен повик до институциите во Скопје за проактивна и трајна грижа за положбата на Македонците во Албанија, како неотуѓив дел од македонскиот народ”.

Партијата нагласува дека ќе продолжи со институционална, правна и меѓународна активност за заштита на правата на Македонците во Албанија и апелира до албанските и меѓународните институции да спречат политичка инструментализација, асимилација и негирање на македонскиот идентитет. – И покрај сите притисоци, МАЕИ останува цврста, принципиелна и непоколеблива во својата мисија – да биде глас, штит и столб на македонскиот идентитет во Албанија – се наведува во годишниот извештај на МАЕИ за минатата година.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Луна паркот готов за една година – убава вест за најмладите, но и за повозрасните

Во врска со тоа дали смета дека проширувањето на улици е најдобар пристап во град кој веќе се соочува со сериозно загадување и прекумерна доминација на автомобили во јавниот простор, оцени дека за овој проблем има паралелен пристап, од една страна ги решаваат тесните грла во градот, од друга се обрнува внимание и на еколошкиот транспорт.

Интервју: Динамични и продуктивни 100 дена, низа капитални проекти за 50. јубилеј на Општина Гази Баба

Освен настаните, предвидени се и одликувања и признанија за поединци, организации и институции кои со својата посветеност и работа оставиле траен белег во развојот на Гази Баба. Овие признанија не се само симболични, туку се потсетник за тоа дека заедничката работа и посветеноста кон граѓаните се вредности кои ја градат нашата општина.

(Видео): Заев и СДСМ беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во времето на Зоран Заев и СДСМ, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа. Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени, велат од владејачката партија.

(Фото): Премиерот и градоначалникот на Скопје во ноќна обиколка на градот – како течат работите?!

Премиерот Христијан Мицкоски  и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во ноќна обиколка на метрополата извршиле увид на градежните работи на  булеварот Македонија, со кој Скопје ја добива својата прва подземна сообраќајница. Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук вели дека работата се одвива со засилена динамика, десетици камиони и градежни машини се на терен, дури и во […]

To top