Свет

Трамп: Знам повеќе за сè од кој било друг во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста со невообичаено фалење на предизборен митинг во Алабама, во пресрет на претстојните избори на средината на мандатот, тврдејќи пред собраните поддржувачи дека знае повеќе за сите можни теми од кој било човек во светот.

Зборувајќи за економските проблеми и растот на трошоците за живот, Трамп од бината изјави: „Знам повеќе за инфлацијата, знам повеќе за сè од кој било во оваа сала. Од кој било каде било во светот“. Ваквите изјави  се вклопуваат во долготрајниот образец на јавните настапи на Трамп.

Во текот на својата политичка кариера, тој веќе во повеќе наврати тврдеше дека знае повеќе за терористичката организација ИСИС отколку американските генерали и дека ја разбира технологијата подобро од кој било во светот, додека самоуверено тврдеше и дека ги разбира обновливите извори на енергија многу подобро од научниците што се занимаваат со животната средина и климата.

Новиот бран на вакви изјави доаѓа во време кога американската јавност сè поотворено ја доведува во прашање неговата ментална состојба.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top