Македонија

Ако Филипче навистина не сака да седне со криминалци што бара со овој човек?

Нон стоп е со криминалец а тврди дека не сака да седи со ,,криминалци”

Лидерот на СДСМ Венко Филипче вели дека одбива срдедба со криминалци откако премиерот Мицкоски најави лидерска средба за промена на Пржинскиот модел на Техничка влада.

Филипче вели дека не сака со криминалците од ВМРО-ДПМНЕ но нема проблем да биде со истите тие ,,криминалци” во техничка влада.

Истовремено додека Мицкоски воопшто не е заведен никаде како криминалец Филипче нема проблем интезивно да се дружи со вистински криминалци.

 

Актуелниот ,опозициски лидер ,,во сенка  Зоран Заев со уште петмина во средината на јули 2008-ма година за случајот „Глобал“ заврши во притвор за криминал тежок над 8 милиони евра.

Аболицијата на Заев со која практично прекина гонењето беше потпишана од Бранко Црвенковски на 3 август 2008 година и трае до денес. Со ова, Заев останува единствен аболициран политичар во земјава.

 

-Врз основа на член 48, став 1, алинеја 9 од Уставот на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/91 и 91/2001) и на членовите 1 и 11 од Законот за помилување (“Службен венсик на Република Македонија бр. 20/93), а во врска со член 114 став 1 од Кривичниот законик, Претседателот на Република Македонија ја донесе одлуката.

 

Со тоа беше спречено судењето за Заев и тој остана формално правно несанкциониран криминалец.

Со овој човек сега Филипче оди на јахта и во Дубаи пее на Харис Џиновиќ а одбива да седне да разговара за важни прашања со луѓе кои не се заведени никаде како криминалци.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Одбележани 26 години од загинувањето на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во Арачиново

Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници-херои и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, беа подмолно и сурово убиени во заседа. Хероите на Македонија остануваат вечно вградени во колективната меморија, а нивната жртва ќе продолжи да инспирира сегашни и идни генерации.

ДИК: Излезноста на повторените локални избори зголемена само во Врапчиште, во другите општини намалена

На повторените локални избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше до 11 часот гласале 3 553 избирачи, односно 3,32 проценти од вкупно 128 286 запишани гласачи на 215 избирачки места, информира Државната изборна комисија (ДИК).

To top