Македонија

Министер Алиу: 50% од населението во Македонија се зависни од цигари

Министерот за здравство, Азир Алиу, во синоќешното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, истакна дека длабока анализа на постојната состојба покажала дека околу 50 отсто од популацијата во Македонија е зависна од цигари

Министерот за здравство, Азир Алиу, во синоќешното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, истакна дека длабока анализа на постојната состојба покажала дека околу 50 отсто од популацијата во Македонија е зависна од цигари. Тој се осврна на потребата од донесување нов закон за заштита од пушење, нагласувајќи дека досегашните закони не даваа резултати поради недостаток од соодветен екосистем за нивна имплементација.

– Законите сами по себе не може да бидат квалитетни и да дадат резултати ако немате цел екосистем. Законот дефинира рамка и строги правила за подобрување на екосистемот во одреден сегмент. Од друга страна, ако немате дополнителни индикатори за мерење и следење дали законот се применува, ќе имате само закон на хартија. Затоа можеби досега постојните закони за жал не даваа резултати. Ние прво направивме длабока анализа на постојната состојба, која покажа дека кај нас околу 50% од популацијата е зависна од цигари. Пушат околу 18-22 цигари на ден, што значи во државата имаме двојно повеќе пушачи во споредба со европските стандарди. И ова е алармантно, особено што има пушачи и од најрана возраст, од 13-14 години има 7,7% активни пушачи, од 15-16 години се некаде 37%, а на електронски цигари 40% – рече министерот Алиу.

Тој потенцираше дека законот не е насочен против пушачите, туку има за цел да ги заштити тие 50 отсто од населението кои се зависни, и да им помогне да се ослободат од оваа навика. Посебно се осврна на ризиците од пасивното пушење.

– Замислете наш граѓанин кој работи во угостителски објект каде што се пуши внатре. Тој без оглед дали сака или не, пасивно е изложен на чад од цигари осум часа на ден и на крајот од денот е пасивен пушач. Разговарав со доктори кои велат дека има многу често случаи на кардиоваскуларни заболувања кога пациентите велат дека самите не се пушачи, но дома имаат членови на семејството кои пушат во затворени простории. Тоа значи дека и пасивните пушачи се во ризик, кога активните пушачи пушат во затворени простории. Нас како држава целта ни е да ги заштитиме граѓаните – додаде Алиу.

Министерот нагласи дека новиот закон ќе вклучува строги правила и индикатори за следење на имплементацијата, со цел да се постигнат реални резултати во намалувањето на бројот на пушачи и заштитата на јавното здравје.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top