Според Адеми, легитимитетот на државно ниво ѝ припаѓа на опозициската коалиција составена од повеќе партии од албанскиот политички блок.
„Стоиме зад нашето барање за предвремени парламентарни избори, бидејќи на државно ниво легитимитетот ѝ припаѓа на коалицијата НАИ. Денес се соочуваме со обиди и, како што би рекол, атентати врз Охридскиот рамковен договор, а оваа состојба е резултат на тоа што државата ја води власт без легитимитет“, изјави Адеми во емисијата „Клик Плус“.
Според него, резултатот што коалицијата го постигнала на повторените избори во четирите општини бил очекуван.
„Разликата во споредба со првиот круг од 19 октомври е многу голема. Од тој ден до денес бевме измамени. Имаше изборни нерегуларности во повеќе димензии, особено во делот на саботажа и намерно непостигнување на потребниот цензус“, истакна генералниот секретар на ДУИ.