Македонија

Главната расправа за „Пулс“ е одложена за 26 јануари

На барање на адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска

Главната расправа за трагедијата во „Пулс“ закажана за утре е одложена, а процесот продолжува на 26 јануари.

Одлагањето е по барање на адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, бранителка на еден од обвинетите, која во текот на вчерашниот ден беше избрана за членка на Судскиот совет. Поради новонастанатата функција, таа повеќе не може да ја извршува адвокатската дејност, па судот оцени дека мора да му се овозможи на обвинетиот да ангажира нов бранител и тој да добие време да се запознае со предметот.

Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, се отповикува само рочиштето за утре, додека сите досега одржани расправи и изведени докази остануваат важечки, а постапката продолжува на следниот, претходно утврден термин – 26 јануари.

Сузана Јошевска-Анастасовска беше избрана за членка на Судскиот совет на вчерашната седница на Собранието, заедно со вонредната професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ, по предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Процесот за „Пулс“ се наоѓа во доказна постапка и требаше да продолжи со сослушување на законските застапници на оштетените. Сите 35 обвинети на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни за трагедијата, иако дел од нив изразија сочувство кон семејствата на жртвите.

Во воведното излагање, обвинителот Борче Јанев посочи дека постапката има цел да утврди и индивидуална и институционална одговорност, нагласувајќи дека трагедијата не е последица само на еден настан, туку на долгогодишни системски пропусти и недостиг на контрола. Одбраната, пак, тврди дека станува збор за институционален неуспех, а не за индивидуална вина.

Пожарот избувна на 16 март 2025 година, за време на настап на музичката група „ДНК“, кога во објектот имало повеќе посетители од дозволеното, биле користени пиротехнички средства без одобрение, а дискотеката со години работела без исполнети минимално-технички и противпожарни услови. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Холандската поетеса Анеке Брaсинга е добитничка на наградата „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2026 година

– Делото на Брасинга е мост меѓу јазиците, меѓу културите, меѓу различните поетски традиции на Европа. Со доделувањето на „Златниот венец“ на Брасинга, се зацврстува и една значајна културна врска меѓу Македонија и Холандија, што се гради преку литературата, преводот и заемната љубопитност на две култури, кои се среќаваат во просторот на поезијата. Ова признание не е само почит кон едно исклучително творештво, туку и нова можност за продлабочување на културниот дијалог меѓу нашите две земји. Тоа отвора врати за нови преводи, нови литературни средби, нови културни проекти, но и за една поширока културно-туристичка перспектива – изјави министерот за култура Зоран Љутков Љутков.

Реакција на Групацијата за производство на цигари и Здружение на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на Македонија на предлог-текстот на законот за заштита од пушење

Компаниите членки на оваа Групација носат експертиза од над 180 пазари ширум светот и остануваат целосно подготвени да придонесат кон решение кое навистина ќе биде ефективно, спроведливо и во интерес на јавното здравје, граѓаните и економијата.

Скопјанецот М.С. (24) отишол на гости, легнал да одмори и не се разбудил

Млад скопјанец бил пронајден мртов во стан во Скопје, откако негов пријател го затекнал во бессознание, информира Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, на 18 март 2026 година во 19:42 часот, во СВР Скопје, Н.Г. (26) пријавил дека околу 19:40 часот го пронашол својот другар М.С. (24) во бессознание.

„Нетпрес“: За проневера на државни пари ќе одговара Зоран Ѓеоргиев, сопругот на контроверзната струмичка судијка Лорета Георгиева!

Поранешниот директор на струмички „Комуналец“ Зоран Ѓеоргие е осомничен дека со години незаконски исплатувал пари и оти го оштетил буџетот на претпријатието за над еден милион денари. Според информациите од полицијата, од 2022 до 2023 година, во дури 47 случаи донесувал одлуки спротивни на прописите и си овозможувал парична корист и за себе и за други вработени.

Ченто со честитка и порака до Савески: Да се исправат неправдите, Македонија мора да излезе од правното мочуриште и да стане вистинска правна држава!

Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април 2017 година, му упати честитка на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, изразувајќи очекување за суштински промени во функционирањето на обвинителството. „Македонија не смее да остане заробена во неправда“, нагласи Јане Ченто.

Савески: Секој обвинител има законска обврска да се постапува по тековните предмети, нема да има приоритетни предмети, а партиите не се мој интерес!

„Секој јавен обвинител има законска обврска да постапува по тековните предмети. Нивната работа ниту почнува, ниту завршува со мене. За мене секој предмет има ист интерес, нема да има приоритетни предмети. Ја гарантирам отчетноста и транспарентноста на секој јавен обвинител за секој предмет.“ – нагласи новиот државен обвинител на Република Македонија Ненад Савески денес при давањето на свечената заклетва во Собранието на Република Македонија.

Директор на ЈП од Струмица 47 пати ја злоупотребил службената положба

Пријавениот директор на ЈП „Комуналец“ – Струмица, во текот на 2022 и 2023 година донесувал одлуки за исплата на надомест, односно одлуки за обештетување за неискористени денови од годишни одмори за него и за неколку други лица, вработени во јавното претпријатие

Најнови вести

To top