Свет

Најмалку 12.000 луѓе се убиени во задушувањето на протестите во Иран

Доколку се потврди бројката од 12.000, таа би го надминала бројот на жртви од протестите во ноември 2019 година (познати како „Крвав ноември“), кога беа убиени околу 1.500 луѓе.

„Иран Интернешнл“, медиум поврзан со иранската опозиција, тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во задушувањето на протестите во Иран, нарекувајќи ги настаните „најсмртоносната епизода во модерната иранска историја“.

Оваа информација ја сподели и Си-Би-Ес њуз

Според истрагата на уредничкиот одбор на „Иран Интернешнл“, поголемиот дел од убиствата се случиле во текот на две последователни ноќи, на 8 и 9 јануари.

Бројките се базираат на извори од Врховниот совет за национална безбедност на Иран, медицински центри и изјави на очевидци.

Доколку се потврди бројката од 12.000, таа би го надминала бројот на жртви од протестите во ноември 2019 година (познати како „Крвав ноември“), кога беа убиени околу 1.500 луѓе.

Најнови вести од: Свет

Германската Влада се согласи за клучните реформи за излез од кризата

Практиката вработените да одат на краткотрајно боледување само со телефонски повик ќе биде укината, а реформата предвидува ослободување на компаниите од товарот на барање одобрение, како и намалување на стандардите за заштита на податоците на минимум на Европската Унија.

To top