Македонија

Колку пари потрошиле општините низ Македонија за новогодишно украсување на градовите?!

Скоро 800 илјади евра потрошиле анализираните општини за новогодишно украсување, но оваа сума ќе расте бидејќи се чекаат податоци од уште шест општини. Интресно е дека 78% од сумата ја добила само една компанија, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Најмногу пари потрошила Општина Штип, а на втро место е Град Скопје.

Вкупно 36 општини во земјава спровеле тендерски постапки за новогодишно украсување во пресрет на 2026 година, а досега објавените договори достигнуваат вкупна вредност од околу 785 илјади евра, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Од вкупно 36 општини, 31 доставиле податоци за склучените договори заклучно со 12 јануари 2026 година, додека шест општини сè уште не ги објавиле договорите, иако законскиот рок е 10 дена. Се очекува конечната сума дополнително да се зголеми со објавување на податоците од преостанатите општини.

Најмногу средства за украсување потрошила Општина Штип со над 81 илјада евра, по што следи Град Скопје со околу 69 илјади евра. Кога ќе се соберат и трошоците на останатите скопски општини, во Скопје за новогодишно украсување се потрошени околу 285 илјади евра, што е повеќе од една третина од вкупните трошоци во земјата.

  • „Доколку кон трошоците за украсување на Градот Скопје се додадат и трошоците од другите скопски општини (Центар, Чаир, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Карпош) произлегува дека во Скопје за украсувањето за дочек на новата година се потрошени 17.521.584 денари, односно 284.904 евра. Ова е повеќе од една третина од сите пари потрошени за украсување во земјата. Покрај Град Скопје и сите други 6 општини од градот склучиле договор со фирмата Линк Медиа Плус од Скопје,“ пишува во истражувањето.

Истражувањето покажува дека во 81 отсто од тендерите учествувала само една фирма. Просечно, по тендер биле поднесени 1,15 понуди што е далеку под препорачаниот минимум за обезбедување пазарна конкуренција.

Дополнително, речиси сите договори, 30 од вкупно 32, се склучени во декември, дел од нив само две недели пред Нова година. Овој начин на постапување, според анализата, ги ограничува можностите за учество на повеќе фирми и ги фаворизира веќе ангажираните компании, а воедно голем дел од општините не го испочитувале рокот за навремено објавување на договорите.

Истражувањето е направено врз основа на јавно достапните податоци од Електронскиот систем за јавни набавки и ги опфаќа сите општини кои во 2025 година спровеле набавки за новогодишно украсување.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче против укинување на Техничка влада, вели прво реформски закони па после друго

Техничката влада е воведена поради злоупотребите на институциите токму во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку години, а сега истото се случува, поради тоа не поддржуваме укинување на Техничка влада. Лидерот на СДСМ уште еднаш го повтори ставот и смета дека е оправдана одлуката да не присуствува на лидерската средба.

Пазарниот инспектор се засилува со нови 40 инспектори, ќе се контролира кој ги крши законите

Дури 129 пазарни инспектори контролираат над 40 закони низ цела Македонија. Надлежните велат дека инспекторите работеле цело времре, и направиле многу проверки, но потребни се нови колеги. Министерот за економија и труд, Дурмиши, уверува дека се работи на тоа прашање – веќе се обучувале околу 40 нови работници.

Ахмети: Се согласуваме со една изборна единица, а за укинување на техничката влада да се консултираат ЕУ и САД

„Во однос на прашањето за техничката влада, ние сме на ставот дека треба да се консултираме дополнително со меѓународната заедница, меѓународниот фактор и партнерите кои се коавтори на текстот за Пржинската влада – ЕУ и САД.“ – посочи Ахмети.

To top