Свет

Макрон се појави со црвено и отечено око пред војници

Францускиот претседател го спореди својот проблем со очите со песната „Око на тигарот“, велејќи дека тоа е знак на решителност и предупредување дека Франција може да остане слободна во „брутален свет“ само ако другите се плашат од неа и ако е моќна

 

За време на неговото годишно обраќање пред француските војници, францускиот претседател се појави со црвено око.Тој се пошегува, користејќи ја можноста да повика на зајакнување на воената моќ на Франција.

Францускиот претседател го спореди својот проблем со очите со песната „Око на тигарот“, велејќи дека тоа е знак на решителност и предупредување дека Франција може да остане слободна во „брутален свет“ само ако другите се плашат од неа и ако е моќна, пренесува Индекс.хр

Споменувањето на името на песната од рок-групата „Роки III“ од 1980-тите години дојде откако Макрон ја прогласи француската армија за „најефикасна“ во Европа, додавајќи дека мора да стане посилна и побрза.

Пред говорот, кој започна со објаснување за неговиот изглед, Макрон носеше очила за сонце додека вршеше инспекција на војниците.

„Ве молам извинете за грдиот изглед на моето око. Тоа е, се разбира, нешто сосема безопасно“, рече Макрон.
„Само сфатете го како ненамерна референца на Око на тигарот… за оние кои ја разбираат референцата, тоа е знак на решителност.“

Во своето новогодишно обраќање до војниците во воената база во Истр на југот на Франција Макрон најави поголеми средства за одбрана.

Во контекст на војната во Украина и тензиите околу арктичкиот регион, тој предупреди дека „нов колонијализам функционира меѓу некои во светот“. „Историјата не простува ниту лоша подготовка ниту слабост“, рече францускиот претседател откако објави дека француски војници ќе бидат испратени во Гренланд за да ја зајакнат безбедноста на Арктикот во заедничка мисија со европските сили.

„Европејците имаат посебна одговорност, бидејќи оваа територија ѝ припаѓа на Европската Унија“, рече Макрон. „Почетен тим воен персонал е веќе на терен и ќе биде зајакнат во наредните денови со копнени, воздушни и поморски средства“.

Макрон ги повтори своите повици до Франција и Европската Унија да ја зајакнат својата способност да дејствуваат независно од Вашингтон и да преземат одговорност за сопствената безбедност. Тој го истакна нуклеарниот арсенал на Франција како „најнезависен“ во Европа бидејќи, за разлика од британскиот систем „Тридент“, не му е потребна поддршка од САД.

Најнови вести од: Свет

„Телеграф“: Професорот по воени студии Канлиф бара Англија да го напушти и НАТО, оти тоа било „нејзин национален интерес“!

„Велика Британија, откако гласаше за излез од Европската Унија пред 10 години врз основа на враќање на нашиот национален суверенитет, не може да остане во НАТО, во клуб кој сега отворено го нарушува територијалниот интегритет на своите земји-членки. Би се посрамотиле да останеме дел од рекет. Во наш национален интерес е Брегзит од НАТО, Велика Британија да го напушти овојпат и НАТО!“ – оваа изјава на д-р Филип Канлиф, професор по одбранбени студии на Универзитетскиот колеџ во Лондон е дел од неговата авторска колумна со наслов „Време е за Брегзит од НАТО – заканите на Трамп до Данска поради Гренланд ја прават алијансата да се чувствува повеќе како рекет“, која ја објави британскиот весник „Телеграф“.

To top